24MKSport Forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

24MKSport Forum


 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Videomaterijalite Pod Skener

Go down 
АвторПорака
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4
Admin
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4


Број на мислења : 211
Age : 35
Localisation : Austria ( Wien )
Registration date : 2007-06-10

Videomaterijalite Pod Skener Empty
ПишувањеПредмет: Videomaterijalite Pod Skener   Videomaterijalite Pod Skener Icon_minitimeСре Јун 13, 2007 5:24 pm

"Денеска треба да пристигнат снимките од настапите на Етникос Ахнас по кои ќе следува детална анализа за нивната игра, вели стратегот на ѓорчепетровци Радмило Иванчевиќ


Фудбалерите на Македонија ЃП вчера го одработија вториот тренинг пред дуелот со кипарскиот претствник Етникос Ахна. За разлика од првиот ден, вчера стручниот штаб наметна двојна доза тренинзи со цел да се достигне потребното ниво на подготвеност за да се одговори со добра игра против Етникос Ахна. Шефот на стручниот штаб, Радмило Иванчевиќ, во договор со раковдството на клубот одлучи да не брза со засилувањата, а тоа значи дека младите фудбалери со дел од оние поискусните ќе го понесат товарот во Интер-тото купот и во првенството.

" Го чекаме епилогот од случувањата во ФФМ. До петок треба да бидат познати многу работи, а тоа значи дека во зависност од информациите ќе се знаат евентуалните засилувања. Работиме во нормален ритам, сите фудбалери добро ги совладуваат сите задачи, а тоа значи дека сме на добар пат да се подготвиме добро пред настапот во Кипар", вели тренерот на Македонија ЃП, Радмило Иванчевиќ.

Во канцелариите на клубот треба да пристигнат видеоматеријалите од Кипар.

" Денеска треба да пристигнат видеоснимките од настапите на Етникос Ахна во оваа сезона, по што ќе следува детална анализа за нивната игра. Знаеме со што располагаат Кипраните, но по ова ќе ги видиме сите нивни добри и лоши страни. Со тренерот на Етникос Ахна добро се познаваме од поодамна. Тој настапуваше за Војводина, а јас за Партизан. Сега ќе видиме кој ќе биде поуспешен во тренерскиот дуел", истакна Иванчевиќ
Вратете се на почетокот Go down
http://www.MK24Sport-Forum.tk
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4
Admin
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4


Број на мислења : 211
Age : 35
Localisation : Austria ( Wien )
Registration date : 2007-06-10

Videomaterijalite Pod Skener Empty
ПишувањеПредмет: Re: Videomaterijalite Pod Skener   Videomaterijalite Pod Skener Icon_minitimeСре Јун 13, 2007 5:25 pm

Денеска со Дрита

Стручниот штаб на Македонија ЃП почна да го пополнува планот за работа. Денеска, во 17.30 часот, на стадионот во Ѓорче Петров ѓорчепетровци ќе ја имаат првата од двете генерални проби пред заминувањето во Кипар. За противник ќе ја имаат екипата на Дрита. В сабота, пак, во 17.30 часот овие мини-подготовки пред дуелот со Етникос на домашен ќе ги заокружат со вториот "тест", штипска Брегалница.

Божиновски: 12.000 евра отштета па документи

Суспендираниот Васко Божиновски вчера во канцелариите на клубот дојде да си ги подигне документите, но, сепак, не дојде до нив.

" Бев по документите, но, сепак, не успеав да си ги земам. Првиот човек на клубот бара отштета од 12.000 евра за раскин на договорот кој важи до декември оваа година", истакна Божиновски, кој има понуди од неколку клубови.

Оваа сума на отштета е преголема за наши услови. Тешко дека некој од клубовите ќе се одлучи да ја одвои во кеш. Во врска со суспендираниот помошен тренер Ѓорѓи Тодоровски, тренерот Иванчевиќ истакна дека следуваат дополнителни разговори околу неговиот понатамошен статус во клубот.

22 пријавени, три места слободни
Вчера екипата на Македонија ја пријави екипата за претстојниот дуел со Етникос Ахна. На списокот се наоѓаат 22 фудбалери, а три места се слободни и истите би ги пополниле евентуалните засилувања. Денеска треба да биде дефиниран и точниот термин на одигрувањето на средбата, односно дали тоа ќе биде сабота (23.06) или недела (24.06.), а ќе се знае и точното време
Вратете се на почетокот Go down
http://www.MK24Sport-Forum.tk
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4
Admin
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4


Број на мислења : 211
Age : 35
Localisation : Austria ( Wien )
Registration date : 2007-06-10

Videomaterijalite Pod Skener Empty
ПишувањеПредмет: Re: Videomaterijalite Pod Skener   Videomaterijalite Pod Skener Icon_minitimeСре Јун 13, 2007 5:25 pm

ЕТНИКОС АХНА

Формиран: 1968 година.

Боја на дресови: плава и бела.

Претседател: Кикис Филипу

Тренер: Тоза Шапуриќ

Стадион: "Дасаки", Ахна.

Капацитет: 4.000

Најдобри постигнувања на домашна сцена:

2002 - Финалист во купот на Кипар (Арнотозис - Етникос Ахна 1:0); двапати првак во Втората дивизија на Кипар.

Најдобри постигнувања на евро-сцена:

2006 - трето коло Интер-тото купот, учество во трето квалификациско коло во Купот на УЕФА
Вратете се на почетокот Go down
http://www.MK24Sport-Forum.tk
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4
Admin
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4


Број на мислења : 211
Age : 35
Localisation : Austria ( Wien )
Registration date : 2007-06-10

Videomaterijalite Pod Skener Empty
ПишувањеПредмет: Re: Videomaterijalite Pod Skener   Videomaterijalite Pod Skener Icon_minitimeСре Јун 13, 2007 5:26 pm

НАШИОТ КИПРАНЕЦ БОРЧЕ ЃУРЕВ ГИ ОТКРИВА "АДУТИТЕ" НА ЕТНИКОС АХНА
Стјепановиќ и Пијатцис ударна сила
Нашиот Кипранец Борче Ѓурев 14 години е во Кипар и поголемиот дел од својата кариера ја мина во Етникос Ахна. Тој има кипарско државјанство и има осум настапи за репрезентацијата на Кипар. Во моменот тој не настапува за Етникос Агна, но иако веќе се приближува до 40. година не планира да се откаже од фудбалот.

" Направив малку пауза и мислев да не играм, но секој ден имам голем број јавувања од прволигашки и второлигашки екипи и, најверојатно, ќе играм уште една сезона, а каде, ќе одлучам деновиве. Што се однесува до екипата на Етникос Ахна, ударна сила во екипата се фудбалерите од средниот ред Христос Пијатцис и Зоран Стјепановиќ. Се планираат и неколку засилувања, а деновиве екипата ќе го ангажира првото. Се работи за еден италијански стопер. Со подготовки за Интер тото купот екипата ќе почне денеска. Спонзорите се составен дел во клубот и на тој план с$ функционира беспрекорно. На домашен терен Етникос Ахна ја краси офанзивната игра", беше краткиот рапорт на Борче Ѓурев од Ахна.

Најдобар кипарски тим на евро-сцената

Екипата на Етникос Ахна со резултатите што ги постигна во изминатата година е најдобрата кипарска екипа на евро-сцената. Во Интер-тото циклусот 2006 Етникос Ахна ги мина првите три кола во Интер-тото совладувајќи ги Партизани (Албанија), Осиек (Хрватска) и Макаби Петах Тиква (Израел). Беше на прагот на влез во групите во Купот на УЕФА, но во третото квалификациско коло беше елиминирана од францускиот претставник Ленс.

Македонски кошмар

Пред три сезони Етникос Ахна (во 2004 година) во Интер-тото купот загуби двапати, и тоа кататсрофално од нашиот претставник Вардар. "Црвено-црните" им одржаа лекција на Кипраните и им испукаа две "петарди". На првиот меч во Ахна Врадар победи со 5:1, а со идентичен резултат ја завери визата за второто коло на Градскиот стадион во Скопје. Тогаш Вандаир ја "скина" мрежата на Етникос Ахна. Од десетте гола на Вардар, Бразилецот постигна шест
Вратете се на почетокот Go down
http://www.MK24Sport-Forum.tk
Sponsored content





Videomaterijalite Pod Skener Empty
ПишувањеПредмет: Re: Videomaterijalite Pod Skener   Videomaterijalite Pod Skener Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Videomaterijalite Pod Skener
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
24MKSport Forum :: ФК Македонија ГП-
Отиди до: