Македонија ЃП се адаптира на топлата клима на стадионот на Ѓорче, се подготвува за средбата со Етникос Ахна, но најнапред сите во клубот се во очекување на епилогот од случувањата во ФФМ. По заминувањето на двајцата шпиц играчи Иван Бошковиќ и Вучина Шчепановиќ, се очекува главната улога во нападот да ја преземе Александар Стојановски. Тој тргна со голови и го реши "тест" натпреварот со Дрита.
" Онаа малерозна повреда на препоните е веќе минато. Ми треба три месеци да се адаптирам во новата средина, и како одминува времето на тој план работите одат во нагорна лонија. Очекувам да ја оправдам мојата улога на голгетер бидејќи и затоа сум дојден во редовите на Македонија ЃП. Во изминатата сезона за Напредок постигнав 10 гола, а за Македонија ЃП три, мојата повреда е веќе минато и очекувам да 'распалам' многу поефикасно во новата сезона", вели Стојановски. Се подготвуваме за дуелот со Етникос Ахна, с$ оди според планот, но наедно сме во очекување на епилогот од случувањата во ФФМ".
Шефот на стручниот штаб, Радмило Иванчевиќ, на завчерашната контролна средба со Дрита, прва пред заминувањето во Кипар, можеше да ја сними играта на своите избраници.
" Во моментов имаме една нова екипа која е составена од повеќе млади фудбалери. Против Дрита по првичните напорни тренинзи, беше воочлив заморот кај фудбалерите. Сепак, се гледа една физиономија во играта, а нормално кај поединци недостасува искуството кое ќе се гради во наредниот период. В сабота играме со Брегалница и ќе може да се види уште еднаш кој колку може да одговори на поставените играчи. Што се однесува до шпицот на нападот, тука е Јаховиќ и Стојановски, кој има неверојатно чувство за гол, но ќе мора уште да работи за да ја достигне потребната форма. Но, во очекување сме на епилогот на случувањата во ФФМ. Моменталната ситуација не е добра, но се надевам дека истата ќе се надмине. С$ зависи од тоа, за да видиме што понатаму", истакна Иванчевиќ.