"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НА СТАРТОТ ОД ПОДГОТОВКИТЕ БЕЗ СВОЈОТ ПРВ ГОЛМАН
Стартот од летните подготовките в среда, на 20 јуни "црвено-црните" ќе го означат и без својот прв голман Јорде Георгиевски.
По заминувањето на Ертан Демири во Работнички К, и Георгиевски нема да се појави на првата прозивка на Вардар во очекување на ангажман во странство.
"Нема да се појавам на прозивката на Вардар в среда со оглед дека договорот ми е завршен, а во моментов течат некои разговори за продолжување на кариерата во странство, што ми е прв приоритет. Знам дека Вардар е заинтересиран да ја продолжиме соработката, меѓутоа досега сме немале поконкретни разговори", ни изјави вчера Георгиевски.
По завршувањето на сезоната 2006/2007 "вардарците" се ослободија од тројцата Бразилци, Тиаго, Зе Карлос и Џалма Даниел Да Силва, како и од Летонецот Олег Бајковс. Покрај Георгиевски договорот со клубот им е завршен и на напаѓачот Христијан Кировски, како и на младинскиот репрезентативец Филип Спасески. Како единствено ново име во тимот од "Градски" засега е познат само дефанзивецот на белградски Партизан, Томислав Пајовиќ. Од раководството на клубот во разговори се со уште неколку евентуални засилувања од Србија и од Црна Гора