24MKSport Forum


 
HomeCalendarПрашања/ОдговориБарајРегистрирајте сеЧленовиЧленски групиВлез

Share
 

 Nema Sto Da Zagubime

Go down 
АвторПорака
Hristijan-KOMITI

Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25
Registration date : 2007-06-10

Nema Sto Da Zagubime Empty
ПишувањеПредмет: Nema Sto Da Zagubime   Nema Sto Da Zagubime Icon_minitimeПон Jул 16, 2007 3:14 pm

* "Ова е наша шанса за докажување. Ова е шанса за тимот кој прв пат заедно ќе игра на европската сцена. Анортозис не е некое име од кое треба така силно да се стравува", велат Стјепановиќ и Секуловски

Кипарскиот Анортозис, ако се погледне годишниот буџет со кој располага, ако се погледнат имињата на фудбалерите во тимот, но и ако се погледнат игрите на нашиот Вардар во подготвителниот период дефинитивно е голем фаворит во дуелот со "црвено-црните" во рамките од првото квалификациско коло во Купот на УЕФА.

Кипраните и пред првата средба на 19 јули на "Градски" во Скопје веќе се запишани како фаворити на хартија, меѓутоа фудбалерите на нашиот најтрофеен клуб не ни помислуваат така лесно да им го препуштат патот во второто квалификациско коло.

"Тие може да си бидат фаворити на хартија, меѓутоа последната математика излегува само на зелениот терен", вели незаменливиот во средниот ред Остоја Стјепановиќ. "Факт е дека одигравме многу слабо на подготвителните натпревари, па ете нека биде веќе на дуелот со Анортозис во четврток да го поправиме тоа. Со силна желба и нагласено единство во тимот верувам дека може да стигнеме до поволен резултат".

Еднакво е размислувањето и на стандардниот левокрилен дефанзивец, искусниот Владимир Секуловски.

"Нам ни е јасно дека нема што да загубиме од овие средби, а може многу да добиеме. Анортозис не е некое име од кое треба да се стравува. Подготвени сме со максимален ангажман да ги израдуваме нашите навивачи."

И за двајцата првотимци на Вардар најважно е без примен гол да се патува на реванш средбата за две недели.

"Секој резултат без примен гол на домашен терен, 0:0, 1:0, 2:0 за нас ќе биде одличен во очекување на дуелот на Кипар. Ова е наша шанса за докажување. Ова е шанса за тимот кој прв пат заедно ќе игра на европската сцена. Желно ја очекуваме средбата, силно мотивирани за надигрување, па зошто да не обезбедиме и пласман во следното коло", велат Стјепановиќ и Секуловски
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Hristijan-KOMITI

Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25
Registration date : 2007-06-10

Nema Sto Da Zagubime Empty
ПишувањеПредмет: Re: Nema Sto Da Zagubime   Nema Sto Da Zagubime Icon_minitimeПон Jул 16, 2007 3:14 pm

"Вардарци" по враќањето од Охрид викендов во вечерните часови ги одработуваат тренинзите на помошното игралиште на "Градски". Од тимот се уште се во очекување на разврската околу ангажманот на напаѓачот Гоце Толески која треба да биде позната деновиве
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Hristijan-KOMITI

Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25
Registration date : 2007-06-10

Nema Sto Da Zagubime Empty
ПишувањеПредмет: Re: Nema Sto Da Zagubime   Nema Sto Da Zagubime Icon_minitimeПон Jул 16, 2007 3:15 pm

КУП НА УЕФА - 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО - ПРВ МЕЧ

ВАРДАР - АНОРТОЗИС

19. 07. 2007

Почеток: 20:15 часот

Градски стадион во Скопје. Капацитет: 18.000. Главен судија: Себастиен Колтеску. Помошници: Едуард Думитреску и Драгош Илиеску (сите од Романија)
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Hristijan-KOMITI

Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25
Registration date : 2007-06-10

Nema Sto Da Zagubime Empty
ПишувањеПредмет: Re: Nema Sto Da Zagubime   Nema Sto Da Zagubime Icon_minitimeПон Jул 16, 2007 3:15 pm

Проблеми со повредите

Покрај фактот да без некое позначајно засилување го очекуваат првиот дуел од Купот на УЕФА, "црвено-црните" се соочуваат и со проблемите со повредени фудбалери. Со намален интензитет по враќањето на тимот од Охрид, викендов работеа Христијан Кировски, Димче Ристевски и Јован Костовски.

Најсериозна е повредата на Костовски на кого речиси сигурно нема да може да се смета за дуелот во четврток, додека Кировски и Ристевски најверојатно ќе бидат на располагање на Драган Канатларовски.

БЛИЦ - БЛИЦ - БЛИЦ

Кипраните утре во Скопје

Експедицијата на Анортозис утре во пладневните часови ќе допатува во Скопје. Кипраните доаѓаат два претходно во нашава земја, најавувајќи два тренинзи на нашиот најголем стадион во пресрет на натпреварот во четврток.

Првиот тренинг фудбалерите на Анортозис ќе го имаат утре од 18 часот на "Градски", додека вториот во среда во терминот на одигрување на натпреварот, од 20:15 часот.

Со тимот ќе допатуваат и десет новинари и фотографи од Кипар кои од Скопје ќе известуваат за првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Купот на УЕФА.

Заеднички прес во среда

Според информации од Вардар, на ден пред натпреварот, планирана е и заедничка прес-конференција на двата тима. На средбата со новинарите се очекува да бидат шефовите на стручните штабови и капитените на Вардар и Анортозис.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




Nema Sto Da Zagubime Empty
ПишувањеПредмет: Re: Nema Sto Da Zagubime   Nema Sto Da Zagubime Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Nema Sto Da Zagubime
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
24MKSport Forum :: ФК Вардар Скопје 1947-
Отиди до: