24MKSport Forum


 
HomeCalendarПрашања/ОдговориБарајРегистрирајте сеЧленовиЧленски групиВлез

Share
 

 Nema Favorit - Sansite se 50-50 %

Go down 
АвторПорака
Hristijan-KOMITI

Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25
Registration date : 2007-06-10

Nema Favorit - Sansite se 50-50 % Empty
ПишувањеПредмет: Nema Favorit - Sansite se 50-50 %   Nema Favorit - Sansite se 50-50 % Icon_minitimeПон Jул 16, 2007 3:16 pm

*"Имаме сознанија за Работнички К, станува збор за квалитетен тим, затоа велам дека шансите се подеднакви" вели Миланиќ

Дарко Миланиќ пред месец и половина е назначен за нов стратег на Горица, противникот на Работнички К во 1. квалификациско коло во Купот на УЕФА. Миланиќ не е непознат за нашите балкански простори. Екс фудбалер на Изола, Партизан и австрискиот Штурм. Играше и за словенечката репрезентација од времето кога селектор беше Среќко Катанец. Како тренер пак ја водел екипата на Приморје а бил асистент во Штурм. Важи за еден од најперспективните тренери во Словенија и затоа му е дадена шанса да го води еден од најдобрите клубови во "дежелата".

Со Миланиќ телефонски направивме мини - интервју а поводот секако дека е претстојниот двомеч помеѓу Горица и Работнички К.

"Веднаш по ждрепата реков дека добивме квалитетен ривал. Знаеме за успесите на вашиот тим во минатите две години во квалификациите во ЛШ. Но, исто така знаеме дека мојот колега Драгољуб Беквалац направи вистински ремонт во екипата. Си заминаа десетина играчи а исто толку се доведени. Имаме и тоа какви сознанија за Работнички К, ќе повторам дека станува збор за квалитетен ривал, затоа велам дека шансите се подеднакви, 50-50% за пласман во наредното коло" потенцира стратегот на Горица.

За тоа што може да биде пресудно во овој двомеч...

"Се разбира дека ќе пресуди кој повеќе ќе постигне голови. Шансата Работнички К треба да ја бара во реваншот каде ќе биде пеколно. Сум играл во Скопје, позната ми е атмосферата која знаат да ја создадат вашите навивачи. Затоа потребен е триумф в четврток најмалку со два гола а притоа без да се затресе нашата мрежа" заврши Миланиќ
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Hristijan-KOMITI

Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25
Registration date : 2007-06-10

Nema Favorit - Sansite se 50-50 % Empty
ПишувањеПредмет: Re: Nema Favorit - Sansite se 50-50 %   Nema Favorit - Sansite se 50-50 % Icon_minitimeПон Jул 16, 2007 3:17 pm

КУП НА УЕФА - 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО - ПРВ МЕЧ

ГОРИЦА - РАБОТНИЧКИ К

19.07.2007.

Почеток: 20:00 часот.

Стадион "Спортски клуб" во Нова Горица. Капацитет: 10.000 гледачи. Судија: Хаим Јаков. Помошници: Ерез Зателман и Нисан Давиди. Четврти: Ели Хамон (сите од Израел).
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Hristijan-KOMITI

Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25
Registration date : 2007-06-10

Nema Favorit - Sansite se 50-50 % Empty
ПишувањеПредмет: Re: Nema Favorit - Sansite se 50-50 %   Nema Favorit - Sansite se 50-50 % Icon_minitimeПон Jул 16, 2007 3:17 pm

Послаби сме од лани

"Горица е таков клуб кој мора да ги продава своите најдобри фудбалери ако сака финансиски да преживее. Во овој преоден рок ние ги продадовме најдобрите наши играчи, Никезиќ и Јокиќ. Доведовме некои нови играчи но ќе треба да се воиграат, да се адаптираат во нашата средина. Затоа велам дека засега сме послаби од лани но сепак сме големи оптимисти" дополни Миланиќ.

Работнички К не ги открил картите!?

Спортскиот директор на Горица Новица Никчевиќ за словенечката "Екипа" ја даде следната изјава.

"Бев во Куманово на пријателската средба Милано - Работнички К. Мечот заврши 0:0 и јас не ја видов вистинската сила на нашиот ривал. За Работнички К не настапија неколку клучни играчи кои со нас сигурно дека ќе играат. Во текот на сите 90 минути тренерот Драгољуб Беквалац најмалку три пати го смени системот на игра, едноставно не ги откри картите. Можам само да кажам дека не чека исклучително тежок двомеч
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




Nema Favorit - Sansite se 50-50 % Empty
ПишувањеПредмет: Re: Nema Favorit - Sansite se 50-50 %   Nema Favorit - Sansite se 50-50 % Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Nema Favorit - Sansite se 50-50 %
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
24MKSport Forum :: ФК Работницки Скопје 1947-
Отиди до: