"Тест" средби со Дрита и Брегалница
Веќе се закажани две контролни средби. Стручниот штаб одлучи првата да ја одигра веќе в среда против Дрита од Боговиње, а следен спаринг партнер, последен пред дуелот со Етникос Ахна, ќе биде екипата на штипска Брегалница. И двете средби "лавовите" ќе ги одиграат на стадионот во Ѓорче Петров.
"Зелено светло" за сите
Како што н$ информираше тренерот Радмило Иванчевиќ, ставот на раководството на клубот е фудбалерите кои ќе најдат подобар клуб да добијат "зелено светло".
"Сите фудбалери доколку најдат ангажман ќе имаат одврзани раце. Тоа значи доколку најдат подобро решение од досегашното можат да си заминат од клубот", потенцираше Иванчевиќ.
По вчерашниот состанок немаше такви најави, но во наредните неколку денови ќе се знае нешто повеќе на тој план.
Кипраните имаат квалитетна и силна екипа
Етникос Ахна е наша прва пречка во Интер-тото купот. Тренерот е мој стар пријател. Етникос ги води српскиот тренер Светозар Шапуриќ. Се работи за сериозна екипа која минатата година мина три круга во Интер-тото и имаат големи амбиции и во оваа евро-сезона. Имаат многу квалитетни странци од Грција и од Србија, меѓу нив отскокнуваат "шпицот" Грубач, потоа Адамовиќ, еден од најдобрите голмани во Србија, имаат и неколку добри играчи од Кипар и репрезентатовци. Со еден збор, се работи за многу силна екипа.
Денеска со список за Интер-тото
Македонија ЃП денеска треба да достави список на фудбалери кои ќе настапуваат на првиот меч во Интер-тото купот. Списокот треба да брои 25 фудбалери, но, сепак, како и секогаш се остава простор за уште неколку фудбалери, евентуалните засилувања, доколку ги има. Во Македонија ЃП барем досега нема пројавено интерес за заминување на некои фудбалери и за ангажирање нови