"Стенд-бај"
"Со Македонија ЃП ги почнавме подготовките. Што можам да им кажам јас на моите фудбалери на прашањето за тоа што ќе биде утре. Дали воопшто има причина да ги советувам тие да работат во еден турбо ритам? Дали тие во една ваква ситуција имаат мотив да го дадат својот максимум кога не знаат каква е иднината на мак-фудбалот и дали истата постои? Треба да вадиме визи за Кипар, но зошто тоа да го сториме пред да го дознавеме конечниот епилог. Едноставно чекаме. С$ е на стенд-бај, с$ е неизвесно, буквално с$, а најтешко му е на човекот што го финансира сето тоа. Многу лоша ситуација. Што постигнал финансиерот кој потрошил не знам колку пари, а излезот на екипата која треба да оди во Европа му е блокиран и неизвесен."
Каење
Кога дојдов тука пред една и пол година имаше многу поголем ентузијазам, дури и една мала еуфорија. Знам какво мислење имаше г. Благоја Николовски, да вложуваме во фудбал, да создаваме фудбалери, да постигнуваме резултат, да излеземе во Европа, да играме. Направивме с$ се разбира благодарение на неговите инвестиции и спортски ентузјазам, а како плод на сето тоа на Ѓорче се изгради и терен со вештачка трева. Се вложуваше многу. Истото беше и со Работнички К., кој направи помошен терен. Значи луѓето тргнаа да вложуваат во фудбалот. Но, ова што се случува с$ фрла во вода и под нозе, а од сето тоа остана само едно големо каење од луѓето кои вложуваа.
Ако има санкции си заминувам
Ако се случи најлошото, санкции, си заминувам од Македонија ЃП. Зошто би останал тогаш, која ќе биде мојата цел и мојата сатисфакција во тој случај. Сите го чекаме расплетот на сето ова и барем досега не се знае ништо. Мене не ме интересира кој ќе го води македонскиот фудбал. Мене ме интересира Фубалската федерацијада да воспостави ред и да почне фудбалот во Македонија да живее нормално, да можеме нормално да работиме и да знаеме кога почнува првенството, кој со кого ќе игра и ред други фудбалски работи. Во ваквиот хаос ние не знаеме буквално ништо. Треба да има некој ред. Можеби санкциите ќе бидат добра поука за понатаму, за да се знае како правилно да се работи во фудбалот