Кировски бара ангажман
На Кристијан Кировски му заврши договорот со Вардар. Тој во изминативе шест месеци беше еден од најдобрите фудбалери на "црвено-црните" и му помогна на тимот од Градски да ја освои куп титулата. Исто како и Секуловски, и на Кировски приоритет му е заминување во странство. Во моментов голгетерот е во потрага на ангажман надвор од Македонија. Кировски веќе има интернационална кариера откако во минатото го носеше дресот на ОФК Белград и Етникос Ахна