Работнички К се "врти" кон српскиот пазар ???
СТРАТЕГОТ БЕКВАЛАЦ ДОВЕДУВА НАЈМАЛКУ 3-4 ИГРАЧИ ОД СЕВЕР
*"Романтичарите" преговараат со најмалку 4-5 наши прволигашки фудбалери, но главно ќе пазарат од Србија
Работнички К, како што дознавме, се "врти" кон српскиот пазар. Драгољуб Беквалац има намера со себе да донесе најмалку 3-4 квалитетни и проверени прволигашки фудбалери од кај нашиот северен сосед. Станува збор за играчи кои ќе го засилат тимот на секоја позиција. Имињата се држат во тајност, почнати се преговорите со раководството на "романтичарите" а деталите ќе се прецизираат во текот на следните неколку дена кога директорите Дејан Чекаров и Саше Милошевски викендов или на почетокот на идната недела ќе заминат на ден-два во Нови Сад (Србија) каде моментално на одмор е стратегот Драгољуб Беквалац.
Од друга страна, пак, канцеларијата на Работнички К во преговори е и со 4-5 наши прволигашки фудбалери. Се споменуваат имињата на Бобан Јанчевски (н.з дознавме дека со него в понеделник е закажан последниот состанок), потоа се чека на Ертан Демири (Вардар), а има некои комбинации за доведување на Конгоанецот од Победа, Рок Итуа.
Инаку, подготовките стартуваат на 17 јуни (недела) во 10 часот. Беквалац посакува сиот играчки кадар на кој ќе смета за идната сезона да го има уште на стартот на подготовките