16 јули, почнува со работа Милан јуниор кампот, заедничкиот проект на Работнички Кометал и италијанскиот гигант Милан. Во овој фудбалски камп, за првпат во Македонија, најмладите љубители на фудбалот ќе имаат можност да ги откријат тајните на фудбалската игра под стручно водство на тренерите од Милан јуниор кампот.
Свеченото отпочнување со работа на кампот е в понеделник во 8.30 часот, а ќе го означи претседателот на Работнички Кометал, Трифун Костовски.
Тренинзите ќе се одвиваат секој ден од понеделник до петок на терените на ФК Работнички Кометал во Градскиот парк