| | FFM Vesti | |
| | Автор | Порака |
---|
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: FFM Vesti Нед Јун 10, 2007 3:13 pm | |
| Да се врати Хари па Собрание ! ! ! *Ако до 15 јуни не се почитува оваа одлука на ФИФА и УЕФА ќе следи суспензија и привремено исклучување на ФФМ како членка на овие две институции ИЗЈАВИЈА ПО СОСТАНОКОТ: Емил Божиновски: "Премиерот ни ги пренесе пораките на УЕФА во кои стои дека се можни санкции. Треба самите да го најдеме решението и да се договориме. Барањето на УЕФА е до 15 јуни да се реши недоразбирањето. Затоа бевме кај премиерот, и во текот на наредната недела треба да најдеме решение. Суштинскиот проблем не е кај нас. Беше потенцирано дека не можеме да функционираме без заедничко собрание, на кое сите делегати ќе бидат обединети. Јас не бегам од ново изборно собрание. Ако писмено се обратиме јас и Хари до ФИФА и УЕФА, каде би ги известиле дека е договорено ново собрание на кое ќе има и нивни преставници, мислам дека нема да има санкции. Воопшто не се плашам од ново собрание, убеден сум дека ќе победам". Хари Хаџи-Ристески: "Не бевме кај премиерот да донесуваме одлуки, туку да ни ги пренесе пораките кои ги донесе Суркис од ФИФА и УЕФА. Разговаравме за настанатите проблеми и се договоривме со Божиновски да најдеме заеднички јазик и да ги спречиме евентуалните санкции за мак-фудбалот. Можам да кажам дека премиерот Груевски се однесуваше ислкучиво советодавно. Не сакам да бидам директен, но немаме друг избор освен оној кој го налага УЕФА, а тоа е до 15 јуни, критичниот ден за нашиот фудбал, да се повлече новото раководство и да се врати старото. Доколку не биде така, тогаш следуваат санкции". | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Нед Јун 10, 2007 3:15 pm | |
| СООПШТЕНИЕ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера оствари средба со претседателот на Фудбалската федерација на Украина и член на Комитетот за асоцијација, Григориј Суркис.
На средбата беше разговарано за перспективите за Македонскиот фудбал, беа разменети мислења за различни прашања во делот на инвестициите во фудбалот и инвестициите во иднината на фудбалот.
Претседателот на Владата на Република Македонија исто така оствари средба и со претставниците на двете спротивставени страни во Фудбалската федерација на РМ г. Харалампие Хаџи-Ристески и г. Емил Божиновски.
На средбата Премиерот им ги предочи сите аспекти кои се произлезени од нивното делување и им укажа во интерес на развојот на фудбалот, во интерес на перспективите на спортот во РМ, да ги надминат сите несогласувања и наместо за индивидуални интереси да размислуваат за интересите на фудбалот и меќународната афирмација на РМ преку овој спорт.
Премиерот ги советуваше двете страни да ја продолжат соработката со ФИФА и УЕФА за сите отворени прашања и да не дозволат да се загрози меѓународниот углед и кредибилитет на Република Македонија. | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пон Јун 11, 2007 1:06 am | |
| Харалампие и Емил ги менуваат столчињата
ПО "ПЕЕЊЕТО" КАЈ ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ
До 18 јуни Комитетот за итност на ФИФА треба да добие извештај дали е постапено по ултиматумот за враќање на сосојбите во мак-фудбалот во нормала, за да не се случат санкции
До 15 јуни, кога истекува ултиматумот на светската и европската фудбалска асосцијација (ФИФА и УЕФА), состојбите во мак-фудбалот треба да се вратат во нормала. Тоа јасно го кажа и медијаторот на ФИФА Григориј Суркис при петочната средба со премиерот на Македонија, Никола Груевски.
Во спротивно на Фудбалската федерација на Македонија и се закануваат санкции од меѓународната сцена. Токму затоа премиерот Груевски веднаш по посетата на Суркис на разговор ги повика двајцата претседатели, Харалампие Хаџи-Ристески, кого како единствено легитимен го признава ФИФА и УЕФА и Емил Божиновски, избран на челната функција од Инцијативниот одбор за промени.
- Премиерот не посоветува да не ни се случат санкции од страна на светската и европската фудбалска федерација. Работата треба да се заврши без многу еуфорија, без победници и без поразени. Битно е да не ни бидат изречени санкции. Ситуацијата е мошне сериозна. Познат е условот на ФИФА за повлекување на Инцијативниот одбор, кој не е легитимен, и да се врати и создадат услови за работа за мене како претседател на ФФМ и мојот Управен одбор. До 18 јуни, кога ќе се состане Комитетот за итнос на ФИФА, јас треба да поднесам извештај дали е постапено според барањата. Верувам дека Емил ќе се повлече во текот на наредниве денови, кога треба повторно да се сретнеме, изјави Харалампие Хаџи-Ристески.
Дека ќе има нова средба со Хари во текот на вчерашниот ден ни потврди и Емил Божиновски.
- Треба да се видиме денеска или утре и да договориме некои детали. Ако Хари излезе со датум за свикување на Собрание на ФФМ во наредниов период нема никакви проблеми да се надмине сегашнава ситуација, категоричен е Емил.
Според наши информации Судот се прогласил за ненадлежен по тужбата околу потписникот на сметката и впишувањето во Централниот регистра, па затоа овој проблем ќе треба да го реши Комисијата за арбитража на ФФМ, а барање за нејзино свикување треба да биде дадено од страна на Хаџи-Ристески.
Денеска е закажано и рочиште за поднесеното барање од страна на Хаџи-Ристески за изрекување на времената мерка на запирање на потписот на Емил Божиновски и внесувањето во Централниот регистар | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 12, 2007 4:02 pm | |
| Хари продолжува да го уништува фудбалот FUCK FUCK HARI
* "Хаџи-Ристески мора до петок, кога е последниот рок од ФИФА и од УЕФА, а според нивните препораки, да најави ново Собрание како единствен начин за надминување на проблемите. Но тој повторно грижејќи се само за личните интереси засега го одбива тоа", вели Божиновски. | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 12, 2007 4:05 pm | |
|  По последната посета на членот на ИК на УЕФА, Украинецот Григориј Суркис и средбата на претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, со актуелниот претседател на ФФМ, Емил Божиновски, и поранешниот Хари Хаџи-Ристески, фудбалска Македонија деновиве е во очекување на конечна разврска на сите проблеми. Меѓутоа, очигледно е дека Хаџи-Ристески најмалку посакува расчистување на проблемите продолжувајќи во стилот на изминативе пет години раководење со мак-фудбалот и натаму да ја уништува најатрактивната спортска игра во земјава. Изминативе пет години Хари не успеа да донесе ниту просторни ниту законски подобрувања за македонскиот фудбал, внесе безидејност како новина во раководењето, успеа да затвори голем број фудбалски центри, а сега упорно продолжува да ги злоупотребува "крилата" на УЕФА и ФИФА само против сопствената нација, а како единствен спас за спасување само на самиот себе, притоа повторно не нудејќи ништо добро за нашиот фудбал. ФИФА и УЕФА побараа од Македонија враќање на Хаџи-Ристески на претседателската функција на ФФМ до 15 јуни за да не следат санкции, а потоа и веднаш одржување на Вонредно собрание на кое ќе се надминат сите недоразбирања во домашниот фудбалски свет. Меѓутоа, Хари, онако како што ги криеше препораките од УЕФА со писмото од 10 мај, и натаму одбива да се согласи на ново Собрание. Токму поради тоа вчера на средба со новинарите и актуелниот претседател на ФФМ, Емил Божиновски, го пренесе ставот на делегатите на Собранието на ФФМ до крај да се оди во "битката" за расчистување со злото во мак-фудбалот. "Го пренесувам ставот на сите делегати кои ми дадоа поддршка мене и на новото раководство да се остане цврсто на тоа до 15 јуни, кога е последниот рок од ФИФА и УЕФА, Хаџи-Ристески да закаже Вонредно собрание на ФФМ согласно препораките на ФИФА и УЕФА а на кое ќе се решат проблемите", истакна Божиновски веднаш дополнувајќи | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 12, 2007 4:06 pm | |
| "Најважно е тоа што со ваква поделеност на целокупниот наш фудбал апсолутно не може да се продолжи понатаму. Оваа ситуација не одговара никому и токму поради тоа Хаџи-Ристески треба да ги заборави само личните интереси и да закаже Вонредно собрание на кое отворено ќе се разговара и ќе се решат сите проблеми. Ние не сакаме Хари да каже точен датум на новото Собрание, но едноставно како што тоа го бараа и ФИФА и УЕФА, само да најави одржување пред почетокот на новото првенство. Собрание мора да има затоа што не треба следните првенствени натпревари да почнат со комплетно нерасчистени односи. И Хаџи-Ристески конечно мора да биде свесен дека фудбалот е поделен. Ние почнавме со поддршка од 8 Општински фудбалски сојузи, во овој момент имаме поддршка од 18 Општински сојузи така што и ако се врати на претседателската функција апсолутно нема кредибилитет ниту можност да биде реално на чело на ФФМ".
Околу тоа дали Емил Божиновски планира да се повлече од ФФМ и доколку Хаџи-Ристески до петок не најави организирање на Вонредно собрание, претседателот на ФФМ со став:
"Не е во прашање Емил Божиновски или Хари Хаџи-Ристески. Во прашање е комплетно легално заверено Собрание на ФФМ во Централниот регистар на РМ со потписи на сите делегати кои сега повторуваат дека не отстапуваат од 'борбата' за подобар фудбал. Јас во овој момент не планирам воопшто да се повлечам пред ултиматумите и заканите. Меѓутоа, најмалку важен сум јас. И да се повлечам сепак останува 'битката' на сите искрени вљубеници во фудбалот, на делегатите, на фудбалските работници кои ги има во огромен број а кои се решени да се продолжи со патот по кој тргнавме и кој значи конечно расчистување со начинот на раководење на Хаџи-Ристески, а кој беше исклучиво контра развојот на нашата фудбалска игра. Со или без мене 'битката' за подобар фудбал сигурно ќе се води до крај", истакнува Божиновски.
А, за тоа која ќе ја носи одговорноста при евентуална суспензија на Македонија од ФИФА и од УЕФА...
"Ете, нека биде одговорноста и кај двајцата, меѓутоа топката во случајов е кај Хаџи-Ристески затоа што УЕФА и ФИФА од него очекуваат да го свика Вонредното собрание. Затоа најголемиот дел од вината за евентуална суспензија ќе биде негова доколку и натаму останува на ставот да не закажува ново заедничко Собрание под надзор на УЕФА и ФИФА", вели Емил Божиновски | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 12, 2007 4:06 pm | |
| Во европските демократии Хари одамна ќе беше сменет
"Низ контактите со моите фудбалски пријатели од Германија и Швајцарија дел од нив и активни фудбалски работници во своите федерации, а кои многу добро се запознаени со случувањата кај нас, постојано ми повторуваат дека во нивните земји по едни такви скандали претседателите на фудбалските федерации не би издржале ни 24 часа. Хари е со кривична судска одлука, упорно го крши Статутот на ФФМ, беше заштитник и на генерален секретар со фалсификувана диплома, меѓутоа ете кај нас и по тоа може да има медиумска поддршка. Јас не се каам апсолутно ниту за една моја досегашна постапка во овие неколку месеци. Принципиелно со искрени намери тргнав во 'битката' за подобра иднина на мак-фудбалот бидејќи 40 години сум во фудбалот и многу добро знам дека можеме и заслужуваме многу повеќе, и затоа продолжувам и натаму во таа 'битка'", истакнува Божиновски | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 12, 2007 4:07 pm | |
| Непотребно притисоци пред баражите
Емил Божиновски на вчерашната прес-конференција потенцираше дека апсолутно непотребни биле сите притисоци од луѓето блиски на Хаџи-Ристески до поедините екипи да не патуваат на бараж натпреварите за влез во Втората лига.
"Навистина не ги разбирам притисоците на Ангел Бунгуров до судиите и клубовите за непатување на бараж натпреварите. Упорно се сака само да се руши македонскиот фудбал. Немаше потреба од поделби и на бараж натпреварите бидејќи клубовите или судиите не се ниту на Емил ниту на Хари. Стручните служби на ФФМ функционираат сосема нормално и натпреварите комплетно беа организирани. Но, во краен случај и неодигрувањето на некои од бараж натпреварите доволно зборува за поделеноста во мак-фудбалот која ќе треа с$ додека не се организира Вонредно собрание", вели Божиновски.
РАЗОЧАРАН ОД РЕАКЦИЈАТА НА ФИФА
Писма до членовите на ИК на ФИФА и УЕФА
"Мора да бидам искрен и да кажам дека навистина сум изненаден и разочаран од односот на ФИФА. Разочаран сум и од реакцијата на Григориј Суркис, кој дојде во Скопје со декрет и уцени без притоа какво било соочување со нашите факти и оние на Хаџи-Ристески. Според ова може да се види дека УЕФА и ФИФА не обидувајќи се да навлезат во проблемите на една 'мала' Македонија само по еден шаблон наоѓаат решенија за проблемите во одделните национални федерации. Мора да се знае дека нашата промена во ФФМ апсолутно не е иста со оние во Полска или Грција каде имаше политичко мешање. Во Македонија и Премиерот Никола Груевски беше изненаден зошто се бара средба со него. Ние согласно Стаутот четири месеци чекор по чекор одевме во желбата за решавање на 'црнилото' во нашиот фудбал. Сите наши барања беа игнорирани од Хари и поранешното раководство и поради тоа се дојде до оваа ситуација. Наредниве денови ние ќе испратиме писма до сите членови на Извршните комитите на ФИФА и УЕФА кои верувам не се целосно запознаени со нашите состојби. Едноставно, и натаму фудбалска Европа не може да замижува пред криминалот кој 'живеел' во нашиот фудбал", соопшти вчера Емил Божиновски | |
|  | | Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25 Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 12, 2007 4:42 pm | |
| gasna komora za hari picka prilepska | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Сре Јун 13, 2007 4:02 pm | |
| Истокот не го дава Хаџи-Ристески РАЗРЕШЕНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ НОН-СТОП ОДИ НА ПЛАЧЕЊЕ ВО БЕЛГРАД*Прилепчанецот е пион на моќните источно-европски фудбалски работници кои се главната причина поради која во ФФМ тешко одат промените на власта | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Сре Јун 13, 2007 4:02 pm | |
| Мишел Платини не е тој кој ги влече главните потези во УЕФА кога станува збор за проблемите во Македонија. Пристигнуваат гости, закани, соопштенија и во сите тие поддршка за човекот кој уништува а не унапредува фудбал. Но зошто!? Веќе со децении фудбалот е бизнис а не игра. Се вртат милиони и ред други работи па така многу луѓе знаат како да заработат. Ние сме дел од источно-европската шема. Од наши неофицијални извори дознавме дека разрешениот претседател на ФФМ по секоја смена, по секое Собрание и секогаш кога неговата позиција е загрозена оди во Белград. Таму во хотелот "Хајат" плаче кај Звездан Терзиќ, првиот човек на ФСС, кој, пак, ги држи сите конци за овој регион, а на тие средби често доаѓа и Ева Пасквер од УЕФА. Што па сега Терзиќ!? Тој заедно со Драган Стојковиќ - Пикси беа главните лобисти на францускиот ас во неговата кампања за претседателската функција во УЕФА. И што се случува сега!? Најверојатно Хаџи-Ристески бил еден добар нивни пион и добар гласач па затоа сега тие му враќаат. И не само тоа. Секој си го штити потрчкото па затоа оваа источно-европска група ќе се бори за Хаџи-Ристески. Ќе се обиде да го спаси, но ниту во еден момент нема да дозволи суспензија. Тоа нема да се случи, барем не пред настапите на нашите екипи на евро-сцената. Прилепска Победа мора да настапи во квалификациските кола од Лигата на шампионите. Би било "срам" за УЕФА доколку се случи "суспензија" затоа што со неиграњето на Победа сите ќе "загубат", а најмногу фудбалот во Европа. Затоа треба да очекуваме смирување на страстите и нов рок по 15 јуни до кога треба да се разрешат проблемите. Најважно е тоа што главните од регионот ќе се потрудат да не ни се случат санкции на клубовите кои ќе играат на евро-сцената | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Сре Јун 13, 2007 4:02 pm | |
| Целокупната машинерија која го штити Хаџи-Ристески делува единствено. Во земјава пред некој ден пристигна медијатор од Украина во името на Грегориј Суркис (близок пријател на Терзиќ). И тука пак истокот. Да, Суркис е добар фудбалски работник кој на одличен начин ја "изработи" кампањата за добивањето на ЕП 2012 во неговата земја и Полска. Сепак, никој не праша зошто тој човек си имал проблеми со законот во неговата земја. Ист тип на фудбалски работник од профилот на Хаџи-Ристески кој исто така има проблеми со законот во неговата Македонија. Другарчето ќе си го штити другарчето, а не Емил Божиновски. Судијата не е гаранција дека ќе биде послушен пион затоа што секој глас е драгоцен. Па УЕФА и ФИФА се повисока форма од она што кај нас е ФФМ. И таму пред секој конгрес борба за гласови, за фотелји, за функции...Тоа и ние го имаме тука во нашата "куќа на фудбалот" па така сега Хаџи-Ристески го штити една група луѓе од Европа како што тоа кај нас се на пример прилепчаните или кавадарчаните. Но што е со западот!? Тие не се замараат. Ма каков Хаџи-Ристески, каква Македонија. Таму нема проблеми како што се случуваат во истокот. Па во последниве години можевме да прочитаме само за проблеми во Полска, Македонија, Грција, Бугарија, Романија....Тоа е истокот каде тешко доаѓа до смени на претседателските места во фудбалските федерации. Оние моќните се држат и не се даваат. Таа група е премногу силна и затоа не дава ниту еден од своите членови. Затоа ќе доаѓаат гости и постојано ќе ни кажуваат вака треба, така треба. Па некој нормален човек да ги прочита законите и криминалните работи кои се случиле во ФФМ веднаш ќе побара затвор за тие кои грешеле и за тие кои и наштетиле пред с$ на оваа држава, а потоа и на фудбалот во земјава. На сите треба да им биде јасна оваа источно-европска шема во која сме и ние не почитува закони, правила, статути...почитува само личност која треба да биде послушна. Тука е проблемот. Ние ќе трчкаме по нив, а тие ќе ни фрлат нешто ситно со што ќе се задоволи одредена група на "фудбалски" работници кои работат на штета на фудбалот гледајќи ги своите лични интереси. Целиот овој случај е нешто повеќе од фудбал... | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Сре Јун 13, 2007 4:03 pm | |
| Инспекторите не мрдаат од ФФМ
Финансиската полиција и инспекторите на оваа државна институција имаат работа до гуша во ФФМ. Многу сомнителни трансакции, фактури...и сето тоа треба да даде одреден резултат. Од касата на ФФМ недостигаат многу пари, а многу средства се потрошени за нефудбалски работи. Потребна е одговорност. Лицата кои биле потписници треба да дадат отчет за милионска сума која испарила од сметката. Тоа е криминал и таквите луѓе кои направиле вакви тешки прекршоци треба кривично да одговараат. Ако Хаџи-Ристески бил претседател на ФФМ тоа не значи дека е амнестиран од законите во оваа наша земја. И затоа сега треба да ни биде јасно зошто прилепчанецот дава толку голем отпор. Ако и официјално биде разрешен ќе има проблем со судските органи, а вака ако с$ тргне против него тој пак ќе оди да плаче и ќе кажува приказни од типот дека врз него се врши политички притисок.
Спасот е само Собрание Во една битка главниот мангуп победува на "ферка". Еден против друг или едни против други. Затоа за да имаме подобра фудбалска иднина двете страни треба да излезат на "ферка". Не да се тепаат по улици, да има закани и ред други работи, туку на маса. На Собрание каде ќе дојде судија од УЕФА и тој ќе пресече дека овој е претседател и победник а оној другиот лузер. И во овој случај кој сега го имаме во ФФМ работите се кристално јасни. Хаџи-Ристески свесен дека му следи пораз не сака Собрание. Емил машки го предизвикува, а прилепчанецот во свој стил, јак на зборови, а кукавица во душа | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Чет Јун 14, 2007 9:55 pm | |
| Емил: Одиме до крај ! ! !
НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ФФМ НА ВЧЕРАШНИОТ СОБИР ВО ХОТЕЛОТ "ХОЛИДЕЈ ИН" СО ЕДНОГЛАСЕН СТАВ ОКОЛУ НАЧИНОТ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
*"Доколку ни се сличи суспензија од ФИФА и УЕФА главната вина за таквите санкции ќе ја сноси Харалампие Хаџи-Ристески", најавија луѓето кои се борат за промени во ФФМ и кои му ја даваат поддршката на Божиновски
Вкупно 61 делегат и 18 ОФС се појавија на вчерашниот собир во скопскиот хотел "Холидеј Ин" каде луѓето кои се борат за подобар фудбал се сретнаа за да донесат единствен став на дејствување по заканите за суспензија од ФИФА и УЕФА.
"Нема враќање назад. Емил Божиновски е легитимно избран претседател и ние ќе ги почитуваме неговите ставови и одлуките на новиот УО", гласно коментираа делегатите кои се појавија во Скопје | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Чет Јун 14, 2007 9:55 pm | |
| Истите зборови ги потврди и Емил Божиновскид кој на своите приврзаници им напомена:
"Одиме до крај. Ние според сите правила и закони на ФФМ и на оваа држава стигнавме до промените. Нема враќање назад и не отстапуваме од нашата цел. Харалампие Хаџи-Ристески ќе биде главниот виновник доколку на нашиот фудбал му се случи суспензија од ФИФА и УЕФА".
Делегатите се свесни за заканите кои доаѓаат од водечките фудбалски институции, но се надеваат дека ќе наидат на разбирање. Тие веруваат во себе и најавија дека обичниот љубител на фудбалот е на нивна страна затоа што луѓето кои досега го водеа ФФМ не направија ништо.
Во известувањето од соборот стои дека Емил Божиновски добива право од делегатите до недела да разговара со Хаџи-Ристески за пронаоѓање на заедничко решение со кое не би ни се случиле санкции. Спасот е само во организирање на ново Собрание на кое двете спротивставени страни ќе се надгласуваат, а победникот би останал да работи со фудбалот во земјава. Она што е интересно е тоа што Божиновски и вчера собра мнозинство од делегатите и бројка која е доволна за да стигне до промените, но другата страна на чело со Хаџи-Ристески е упорна во својата цел и не сака да излезе на фер пресметка.
Според сите правила и прописи, Божиновски е на функцијата претседател на ФФМ и тој има право како таков да свика Собрание. Тоа најверојатно и ќе се случи доколку Хаџи-Ристески упорно одбегнува да свика нов собир за што наложија и од ФИФА и УЕФА во дописот од 10 мај. Дознавме дека Божиновски ги информирал делегатите за неговата средба со Хаџи-Ристески кај премиерот Груевски каде прилепчанецот повторно се служел со лаги.
"Според централниот регистар, јас сум претседател на ФФМ, а Хаџи-Ристески за да се врати на оваа функција треба да собере 54 гласови од делегатите за да се избори за пререгистрација. Нека свика ново Собрание и нека добие поддршка од мнозинствто на делегатите", е пораката на Божиновски до Хаџи-Ристески.
За вчерашниот собир во Скопје на делегатите информација ќе биде пратена и до органите и телата на ФИФА и УЕФА каде се одбројува рокот. Како што е познато, од Нион пристигна опомена дека доколку до утре Хаџи-Ристески не се врати на функцијата УЕФА и ФИФА ќе ја разгледуваат можноста за санкции и исклучување на ФФМ. Сепак, до такво нешто најверојатно нема да дојде, а нова делегација од овие институции се очекува да пристигне во земјава во текот на наредната недела | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Чет Јун 14, 2007 9:56 pm | |
| СООПШТЕНИЕ ОД ФФМ
"По повод последните настани во Фудбалската федерација на Македонија и заканите од ФИФА и УЕФА од можни санкции за македонскиот фудбал, на состанокот кој на 13 јуни се одржа во хотелот 'Холидеј Ин' во Скопје, а на кој присуствуваа 61 од вкупно 106 делегати на Собранието на ФФМ, 18 од вкупно 26 Општински фудбалски сојузи, претставувани од претседателите на ОФС, комплетниот Управен одбор на чело со претседателот Емил Божиновски, како и фудбалските легенди Дарко Панчев, Васил Рингов, Јовче Џипунов и др., одлучено е да му се даде целосна подршка на претседателот на ФФМ, Емил Божиновски и мандат до 17.06.2007 г. (недела) да договори со екс-претседателот, Харалампие Хаџи-Ристески, термин за одржување на Вонредно Изборно Собрание на ФФМ во Скопје, со единствен дневен ред и фиксна усогласена листа на делегати.
Сето ова е со цел да ја информираме целокупната македонска јавност дека мнозинството на фудбалските работници во земјава, делумно, ги прифаќа препораките на УЕФА и ФИФА и дека нема да сноси одговорност за евентуалните последици (санкции) од страна на УЕФА и ФИФА, доколку г-динот Хаџи-Ристески не се согласи на термин за одржување на Вонредно Изборно Собрание на ФФМ!", се вели во соопштението од ФФМ по вчерашниот собир на македонските фудбалски работници во хотелот "Холидеј Ин" во Скопје | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Чет Јун 14, 2007 9:57 pm | |
| Да се заборават личните интереси
По сите случувања во ФФМ, и наближувањето на последниот ден (15 јуни) од рокот на ФИФА и УЕФА пред евентуалната суспензија на нашата федерација во текот на вчерашниот ден и соопштение до јавноста од Кабинетот на претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски.
"Претседателот на Владата на РМ, м-р Никола Груевски ги повикува двете спротивставени страни во Фудбалската федерација на Македонија, предводени од Емил Божиновски и Харалампие Хаџи-Ристески, да најдат заеднички јазик, да ги смират страстите и да ги надминат меѓусебните несогласувања.
Со цел да се одбегне воведувањето санкции и замрзнување на членството на Македонија во ФИФА и УЕФА, Претседателот на Владата апелира до двете спротивставени страни да ги стават на страна индивидуалните интереси и во име на перспективите на фудбалот во Република Македонија да најдат излез од новонастанатата ситуација. Премиерот апелира да се надминат и решат проблемите, да ја продолжат соработката со ФИФА и УЕФА и наместо за сопствените да размислуваат за интересите на фудбалот и меѓународната афирмација на Република Македонија преку овој спорт", се вели во соопштението на Претседателот на Владата на РМ | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Чет Јун 14, 2007 9:58 pm | |
| Хари купувал новинари - ПОТВРДЕНО ! ! !
Можеби сензационално за оние што го поддржуваат криминалот на Хари Хаџи - Ристески, но сосема очекувано за оние кои постојано пишуваат и ги откриваат деталите за тоа како и што (не)работи овој човек во последно време. Вчера весникот "Вечер" како никогаш досега излезе со конкретен доказ за тоа како Хари ја купува нашата новинарска професија. Односно купува медиуми и нормално потоа бара што и како да се пишува за него, секако само во суперлативи.
А еве за што се работи, цитираме само дел од вчерашниот напис на "Вечер" на стр. 2 со наслов "Кој се испазари да го штити Хари Хаџи - Ристески".
"На 21. 11.2005 година издавачот на весникот ВРЕМЕ склучил Договор со Хари Хаџи - Ристески, односно ФФМ со кој Фудбалската федерација на Време му плаќа авансно 10.000 евра за услуги во тогаш постоечкиот спортски весник 'Екипа'. Парите се платени, весникот за време на договорот престанува да излегува, а ВРЕМЕ не ги враќа парите. Догодина е склучен нов договор со ВРЕМЕ.. | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Чет Јун 14, 2007 9:58 pm | |
| Парите не се приватни, на Хаџи - Ристески, туку на Фудбалската федерација, и тој не може да ги прости кога се платени за услуга која не е извршена. Патем, сега е јасно зошто два печатени медиуми (од кои едниот е ВРЕМЕ) и една национална телевизија, за која непотврдено се смета дека има ист газда со ВРЕМЕ и ШПИЦ толку здушно го бранат Хари Хаџи - Ристески", завршува цитатот од написот на Вечер.
И сега што правиме? Сега и дефинитивно е јасно зошто некои медиуми, некои новинари се слепи при криминалот кој го прави и правел Хаџи - Ристески. Јасно е зошто Хари имал намера да ја потпомага "сиромашната" Екипа во однос на "богатиот" и моќен Македонски спорт. Едноставно човекот сакал да има противтежа, некој да го брани без разлика што прави тој самиот со ФФМ.
Па каде го има ова!? Па каде ние живееме, дали е ова некоја африканска земја во која првиот човек на ФФМ е толку моќен па си купува медиуми, купува и спонзорира новинари кои секогаш во секој текст пишуваат дека Хари е во право. Како папагали...
И дефинитивно по овој напис на Вечер се потврди дека некои, се разбира помал дел од спортските новинари во Македонија, се платеници. За пари бре ќе го бранат и Хари и неговите криминали.
Хари посакувал да има свое влијание врз објавувањето на резултатите, информациите, влијание врз моделирање на мислењето на спортската јавност. На почеток се чинеше дека ќе му успееше таа намера, но, за среќа, а за негова жал и жал на тој медиум и тие новинари, тоа не се оствари. Од најстаро време е познато е дека правдата е бавна, но кога-тогаш излегува на виделина, а оние што лажат, оние што купуваат новинари и новинари кои се купени кога-тогаш ќе се најдат на столбот на срамот | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | |  | | Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25 Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 12:29 am | |
| picka prilepska majmun hari | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 12:34 am | |
| Cekam uste Pola Saat na Vesti Da Citam Sto ce Bide so NaS | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 2:25 pm | |
| Рокот помина - договор НЕМА
ЕМИЛ БОЖИНОВСКИ И ХАРАЛАМПИЕ ХАЏИ-РИСТЕСКИ НЕ НАЈДОА ЗАЕДНИЧКО РЕШЕНИЕ ОКОЛУ РЕШАВАЊЕТО НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ФФМ
* Деновиве се очекува реакција од ФИФА и УЕФА, а првата можна санкција е суспензија од 30 дена за федерацијата која ќе мора да организира ново Собрание
* Клубовите не се загрозени и ќе играат во евро-куповите | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 2:26 pm | |
| Дојде и 15 јуни и договор нема да има. Разрешениот Харалампие Хаџи-Ристески нема да се врати на функцијата претседател во ФФМ и со тоа нема да се исполни барањето на ФИФА и УЕФА. Според писмото од двете фудбалски институции можно е македонскиот фудбал да се соочи со времени суспензии поради непочитувањето на наредбата. Од ФИФА и УЕФА застанаа во одбрана на прилепчанецот, но мнозинството делегати на Собранието во чии раце се сите битни одлуки за мак-фудбалот не ја менуваат својата одлука. Тие повторно му дадоа поддршка на Емил Божиновски и на собирот во хотелот "Холидај Ин" порачаа дека нема враќање назад и дека по цена на суспензија нема да се прифати ултиматумот.
"Ставот е тој и ние не отстапуваме", ја потврди одлуката Божиновски, кој, најверојатно, ќе нема средба со Хаџи-Ристески за изнаоѓање на заедничко решение со кое би се надминале проблемите во мак-фудбалот. Двајцата добија и писмо од премиерот Никола Груевски, кој повика на разбирање и договор меѓу двете страни со налог да се стават фудбалските над личните интереси.
"Очекуваме дека нема да дојде до санкции и дека од ФИФА и УЕФА ќе имаат слух за случувањата во Македонија. Треба само да се прочита Статутот и да се констатира кој е во право а кој не", додава Божиновски чија страна двапати организираше Собранија на кои имаа доволен број делегати со кои го разрешија Хаџи-Ристески, а потоа и избраа нов претседател на ФФМ | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 2:26 pm | |
| Она што е нелогично во целата оваа работа е тоа што ФИФА и УЕФА имаат погрешни информации за настаните во земјава. Нивни претставници немаше на ниту едно од Собранијата кои беа организирани од двете страни. Од Нион порачаа да се организира нов собир на кој ќе дојдат нивни супервизори, но таквата наредба Хаџи-Ристески ја сокри со што уште еднаш потврди дека тој нема да бира средства само за да ја сочува позицијата и фунцијата.
"Ние сме подготвени за ново гласање. Тоа што спротивната страна не прифаќа нов собир дури и по барање на премиерот е доволен доказ за тоа дека Хаџи-Ристески ја нема довербата од мнозинството на делегати", е коментарот на Божиновски, кој уште еднаш отворено кажува дека не се крие и не стравува од нова "битка" која треба да биде обединувачка за сите фудбалски работници во земјава.
Заканите со суспензија се главниот адут на прилепчанецот кој само се обидува да купува време. Дури и вака без одлука од ФИФА и УЕФА овој наш фудбал е суспендиран. Веќе од поодамна ништо не функционира како што треба, а поделбите веќе даваат уништувачки резултати. И кога сме кај санкците кои би дошле од ФИФА и УЕФА вреди да се нагласи дека во прво време можно е суспензија само на федерацијата од 30 дена. Клубовите кои треба да н$ претставуваат во евро-куповите не се загрозени. Тие ќе бидат на картата на УЕФА, а водечките фудбалски институции во новиот рок кој што ќе го дадат ќе побараат во земјава да се организира ново Собрание на кое треба да се решат сите проблеми и сите поделби.
Тука само би ги прашале оние кои со денови ги очекуваат санкциите. Кој бил суспендиран во последните 10 години и чии клубови не настапувале на евро-сцената. Да, Србија и Црна Гора, но таму имаше војна. Тука е нешто сосема друго. Битка на две страни без политички притисоци, а доволен доказ за тоа е ставот на премиерот Никола Груевски, кој со денови повикува на разбирање, дијалог и договор | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 2:27 pm | |
| Емил да свика ново Собрание!!!
Целокупната домашна фудбалска јавност како начин за надминување на актуелната ситуација во ФФМ очекува од актуелниот претседатела на ФФМ, Емил Божиновски свикување и на ново Собрание преку кое уште еднаш ќе се покаже и пред ФИФА и УЕФА за вистината во македонскиот фудбал.
Како претседател на ФФМ Божиновски сигурно може да ја има таа обединителна моќ која повторно ќе го врати единствето во македонскиот фудбал и меѓу делегатите во Собранието на ФФМ.
Јасно е дека Хаџи-Ристески веќе сосема ја губи довербата од сите фудбалски работници во земјава. Хари не се согласи да закаже ново заедничко Собрание соочен со сопственото знаење дека ја нема довербата од делегатите. Факт е дека Хаџи-Ристески веќе не може да биде на чело на ФФМ а тоа без сомнение почнува да им станува јасно и на ФИФА и УЕФА. Без разлика дали на Собрание во август, септември или октомври јасно е дека Хаџи-Ристески веќе никогаш нема да ја добие довербата од македонските фудбалски работници.
Суркис му се јавил на Груевски
Како што дознаваме претседателот на украинската фудбалска федерација и член на ИК на УЕФА, Григориј Суркис по посетата на нашава земја уште во неколку наврати имал телефонски разговори со претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, интересирајќи за новите моменти во и околу ФФМ.
Премиерот Груевски, како што е познато, во средата со официјално соопштение повика и двете страни да ги заборават личните интереси единствено концентрирајќи се во надминувањето на недоразбирањата пред се во интерес на нашата фудбалска игра | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 2:28 pm | |
| Шверц со опремата "Пума"
ВЕСНИКОТ "ВЕЧЕР" ОБЈАВИ УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ КРИМИНАЛ НА ХАРИ ХАЏИ-РИСТЕСКИ
*Се работи за затајување даноци, класични кражби, фалсификувани договори, а злоупотребата е "тешка" над три милиони евра
Нема крај на криминалот на Хари Хаџи-Ристески. Откако дневниот весник "Вечер" објави докази за тоа како поранешниот претседател на ФФМ ја "купувал" новинарската професија, односно одредени медиуми, кои мораа да пишуваат само позитивни работи за него, сега нови докази за нов криминал, но од иста личност | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 2:29 pm | |
| Во 2005 година Фудбалска федерација на Македонија склучила договор за набавка на спортска опрема со германската компанија ПУМА. Прво, на оргиналниот текст на договорот, на кој се потпишал Хари Хаџи-Ристески, како договорна страна е запишан Азербејџан, но потоа името било со рака пречкртано и било напишано Македонија. Според овој договор, во период од четири години Македонската федерација купува опрема од ПУМА, а како донација кон тоа добива опрема за 100.000 евра, поточно по 25 илјади годишно во опрема, која како донација не се плаќа. Покрај донацијата, дополнително за околу 350.000 евра ФФМ купила опрема која ја платила со сметка во странство, без парите да се појават во Македонија и да се евидентира нивниот влез и излез", пишува дневниот весник "Вечер", кој во прилог на текстот ги презентираше Договорот за соработка меѓу ПУМА и Фудбалската федерација на Македонија, потоа налог до УЕФА 104.237 евра да не се плаќаат на сметката на ФФМ туку директно во германската компанија, со што се избегнува финансиската евиденција.
Се разбира дека ова не е с$. Со оглед на тоа дека се работи за злоупотреба "тешка" над 3 милиони евра, ќе има дополнителни докази.
Тука се поставува прашањето дали некој службеник во УЕФА имал корист од сето ова. Тука можеби би требало да се бараат и врските, поточно причините поради кои некои луѓе од УФЕА се обидуваат да го спасат Хари и да го вратат на претседателската функција во ФФМ. Секаде во светот се пријавува секој прилив на пари, па така треба да биде и во Македонија. Тоа го знаеме ние, тоа го знаат и од ФИФА и УЕФА, но го знаат и надлежните органи во нашата земја, кои засега не преземаат никакви чекори за решавање на овој криминал | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пет Јун 15, 2007 2:30 pm | |
| Скандал со 15.873 топки ! ! !НОВИ ШВЕРЦЕРСКИ КАНАЛИ НА ХАЏИ-РИСТЕСКИ Вкупно 15.873 фудбали од ФФМ до царинската управа биле пријавени како донација а во финасиските сметки на федерацијата пронајдени се сметки со кои истите топки биле платени. Вкупно 5.873 топки се платени со цифра од 109.285 евра а за истите е пријавено дека се донација. ФФМ не платила царина за овие топки иако постојат само две фактури (од 20.04.2005 и 12.08.2005), со кои овие фудбали биле платени на ПУМА. Ова е нов скандал и доказ за ново шверцерско работење на Хаџи-Ристески. Новото раководство на ФФМ се прашува каде се фудбалите. Имаат сметки за платени 5.873 топки а од септември 2005 година па до денеска во земјава биде донесени уште околу 10.000 топки кои исто така биле пријавени како донација но за истите не постои доказ дека се наплатени. Финансиската полиција во ФФМ продолжува со истрагата. На виделина излегоа многу скандали и сомнителни финансиски трансакции за кои луѓето од поранешното раководство на ФФМ треба и кривично да одговараат  | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Нед Јун 17, 2007 2:18 pm | |
| Хари нe води кон суспензија
НА ДЕНОТ КОГА ИСТЕЧЕ УЛТИМАТУМОТ ОД ФИФА И УЕФА ЕМИЛ БОЖИНОВСКИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НАЈАВИ
*Во понеделник во ФИФА и УЕФА ќе има состанок за проблемите во Македонија, Казакстан и Романија кога се очекуваат конкретни потези на двете водечки фудбалски институции | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Нед Јун 17, 2007 2:18 pm | |
| Одбројувањето заврши а суспензија нема. Во текот на вчерашниот ден истече рокот од ФИФА и УЕФА кои побараа Хаџи-Ристески да се врати на претседателската функција во ФФМ. Тоа не се случи но вчера немаше никаква реакција од водечките фудбалски федерации за настаните во Македонија. За терминот кога УЕФА и ФИФА ќе ги разгледуваат проблемите во земјава вчера инфомираше Емил Божиновски, кој на денот кога истече ултиматумот се појави на прес-конференција. Новиот портпарол на федерацијата, Бобан Нонковиќ, нагласи дека во понеделник е состанокот на Извршниот одбор на УЕФА кој ќе ги разгледува проблемите во Македонија, Казакстан и Романија. Токму на стартот на идната недела треба да се очекува одредена санкција иако Божиновски е оптимистички расположен.
"Очекуваме дека нема да се носи избрзана одлука и дека нема да ни се случи суспензија. ФИФА и УЕФА се институции кои се надеваме дека детално ќе го разгледаат случајот и потоа ќе донесат конкретни решенија. Ние постојано контактираме со овие две
федерации и со членовите на Извршниот одбор кои добија допис за сите случувања во мак-фудбалот. Кај нас нема ништо спорно. Ние сме подготвени да организираме ново Собрание и не бегаме од тоа. Сега имаме генерален проблем и не знам зошто двете институции с$ уште реагираат така незаинтересирано. Само ќе споменам дека пред 3 години кога имавме локален проблем, одредена група на делегати на чело со Реџеп Беџети наидоа на разбирање кај ФИФА и УЕФА а сега кога проблемите се од пошироки размери добиваме закани за санкции", коментираше Божиновски во своето излагање пред новинарите.
На средбата беше нагласено дека проблемите во земјава полека, но сигурно самите се решаваат. Од ден на ден Божиновски ја добива довербата на повеќе делегати и ОФС па така на последниот собир на негова страна застанаа 61 делегат и дури 18 од 26 ОФС.
"Поделбата на фудбалските работници во земјава полека исчезнува. Од ден на ден Божиновски има с$ поголема доверба, а доказ на тоа е и последната средба во хотелот Холиден Ин", изјави Бобан Нонковиќ, портпаролот на федерацијата | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Нед Јун 17, 2007 2:18 pm | |
| "Самиот факт дека Хаџи-Ристески не сака Собрание е потврда дека тој ја нема довербата на делегатите. Ние ќе се бориме до крај за фудбалските промени во земјава и се надевам дека сите проблеми брзо ќе завршат. Вината доколку ни се случи суспензија ќе биде кај Хаџи-Ристески, кој не прифаќа да се организира ново Собрание. Мене с$ уште не ми е јасно како Хари с$ уште не дал отчет за писмото од ФИФА и УЕФА кои му наложија да организира ново Собрание. Тој тоа писмо го криеше и се обиде повторно сите да н$ излаже", е ставот на Божиновски, кој со денови ја врши функцијата претседател на ФФМ а неговите луѓе работат во канцелариите на ФФМ.
На вчерашниот прес беше најавено дека во земјава не станува збор за политички притисоци и смени во ФФМ, а како потврда за ваквата констатација е писмото на премиерот Никола Груевски, кој побара единство и договор на двете страни. Сепак, и покрај апелот од премиерот Хаџи-Ристески с$ уште делува своеволно и по никоја цена не прифаќа да замине од функцијата со што само потврдува дека неговите лични интереси се ставени над судбината на македонскиот фудбал кој се соочува со санкции од ФИФА и УЕФА поради тоа што двете спротивставени страни с$ уште не можат да најдат заеднички договор. Едната страна постојано нуди решение, а онаа страна на прилепчанецот која има проблеми со фалсификати, афери, скандали и ред други работи покажува сила | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Нед Јун 17, 2007 2:19 pm | |
| Емил чека сигнал од УЕФА и ФИФА
"Нема никаков проблем. Јас чекам сигнал од УЕФА и ФФА и доколку тие прифатат јас да свијам вонредно Собрание тоа ќе се случи во најкус можен рок", изјави Божиновски на прашањето дали тој сам ќе свика собир на делегатите доколку Хаџи-Ристески продолжи со својот одбивен став за ново Собрание.
"Ние постојано контактираме со ФИФА и УЕФА и се надевам дека во понеделник ќе добиеме инструкции околу тоа како да се надмине проблемот", додаде Божиновски.
Ново писмо до Хаџи-Ристески
Во текот на вчерашниот ден Емил Божиновски му прати нов допис на Харалампие Хаџи-Ристески. Во писмото се наведуваат многу детали, а во дел од истото стои:
"Господине Хаџи-Ристески, уште еднаш ве повикуваме да бидете доблесен и закажете нов термин за Вонредно собрание. Имаме обврска пред сите фудбалски приврзаници да не им ја скратиме можноста да уживаат во фудбалската игра".
Меѓу другото новото фудбалско раководство го потсетува прилепчанецот дека тој ја нема довербата на делегатите не само сега туку и на Собранието во Струга каде немаше 2/3 кворум.
Можеби Хаи ќе собере сили и ќе даде одговор на ова писмо од Божиновски.
Лажеле со нов статут
Без одлука на собранието на ФФМ, кој е највисок орган, Хаџи-Ристески и неговите "пајташи" направиле измени во статутот на ФФМ. Тоа е голем скандал и нова потврда дека неколку луѓе правеле и се обидуваат да прават што сакаат во мак-фудбалот дури и да менуваат статут.
Повторно во шемата Лазар Митровски и обидот на Хаџи-Ристекси да го спаси својот прв соработник кој е обвинет за фалсификувана диплома. УЕФА од ФФМ деновиве побара објаснување на статутот кој бил пратен во Нион и кој се разликува од важечкиот статут на федерацијата. Сепак, ваквите нови скандали се само уште еден доказ за тоа кои луѓе во изминатите 5 години го воделе мак-фудбалот | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Нед Јун 17, 2007 2:20 pm | |
| Катанец со плата од 20.000 евра
"ВЕЧЕР" ПРОДОЛЖУВА СО ПИШУВАЊЕТО ЗА СКАНДАЛИТЕ ВО ФФМ | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Нед Јун 17, 2007 2:20 pm | |
| Весникот "Вечер" и натаму продолжува со пишувањето за скандалите во ФФМ од времето на Хари Хаџи - Ристески. Вчера на ред дојде и платата на селекторот Среќко Катанец. Имено, според овој весник, Словенецот кој моментално е предводник на нашиот државен тим месечено зема од ФФМ до 20.000 евра. Според "Вечер", тој со таа плата повеќе е платен отколку сите министри во Владата на Р. Македонија заедно со Премиерот.
Имено, Хари Хаџи - Ристески со Катанец склучил договор Словенецот месечно да прима износ од 10.000 евра, тоа е нето сума. Плус на таа сума стои во договорот точка 4. дека на Катанец му се исплаќаат придонеси и даноци, потоа му следува луксузен стан или хотел, телефонски сметки, авионски билети на релација Македонија - Словенија, потоа автомобил на користење... значи севкупно бруто - платата на Катанец изнесува 20.000 евра, кои како трошок ги плаќа ФФМ.
Работата да биде уште полоша, во февруари 2007 година е потпишан анекс на овој договор со кој место нето плата од 10.000 евра, сумата е покачена на 16.000 евра бруто. Само не е јасно што е тоа бруто од анексот ако останала точката 4 со која сите даноци и придонеси на исплатата ги плаќа и понатаму ФФМ.
Кон ова на Катанец ФФМ му исплаќа и 50.000 евра награда за освоено 4. место во групата. Накусо награда за ништо бидејќи тоа место не ни носи ништо, најмалку пласман на ЕП 2008 година.
На крајот "Вечер" прашува дали овие пари се наменети само за Катанец или, пак, формално му се исплаќаат нему, а потоа Катанец ги дели со некој од раководството на ФФМ.
И затоа прашуваме на крајот дали се исплатеше или се ипслати Катанец. Ние и натаму не сме во позиција да се бориме за 3. место, едно погоре од поранешните квалификации, а да не говориме за пласман на завршницата од ЕП | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Нед Јун 17, 2007 2:20 pm | |
| Рингов: Најскап селектор!!!
За договорот на Катанец вчра се зборуваше и на прес конференцијата во ФФМ. Таму се појави и легендата Васил Рингов кој беше шокиран од цифрите кои стојат во "дилот" со селекторот.
"Катанец е најскапиот селектор во Европа за успесите кои што и има. Не верувам дека некој селектор за петто место добива толку висока цифра на пари. Не е виновен тој. Секој си работи за пари. Виновници се тие кои прифатиле да се направи еден ваков скап договор", беа зборовите на Рингов. | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пон Јун 18, 2007 4:36 pm | |
| Парламентот во "оган" за ФФМ
ПРОБЛЕМИТЕ ВО МАК-ФУДБАЛОТ НА ДНЕВЕН РЕД ВО СОБРАНИЕТО
*Пратениците денеска во Собранието на РМ ќе се караат за проблемите во фудбалот. Кој ќе собере сили да штити луѓе кои го донесоа мак-фудбалот во колапс и луѓе кои направиле големи штети за своите лични интереси!?
Фудбалскиот проблем доби димензија на државен. Многумина поверуваа на приказните за суспензија и на лагите во одредени медиуми кои на бомбастичен начин најавија дека таква одлука веќе е донесена од ФИФА и од УЕФА. Сите тие невистини се со цел да се спаси главата на Хаџи-Ристески, кој од главен уништувач на фудбалот во земјава некои го претставуваат како жртвено јагне. Еве сега веќе добиваме и кулминација на проблемите во фудбалот. Денеска на дневен ред на Собранието ќе се дебатира за проблемите во ФФМ. Ќе има оган меѓу опозицијата и позицијата. И тоа е добро затоа што во законодавниот дом на оваа држава ќе дочекаме луѓе од СДСМ да бранат интереси на пратеници кои се од позицијата и кои се дел од Фудбалската федерација како членови на УО на Хаџи-Ристески. Некој ги меша лончињата па така целиот фудбалски циркус кој трае со месеци ќе добие и политичка пресметка во која некој сака да освои поени и да каже дека му мисли добро на фудбалот. Еве сега на сите треба да им се бае од уплав затоа што сите се загрижени од можната суспензија на федерација каде според последните откритија владее криминал, шверц, кражби... | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пон Јун 18, 2007 4:37 pm | |
| И сите тие во Собранието прво треба да се прашаат кога последен пат биле на стадион, зошто ги нема по терените во земјава и да набројат барем една добра работа која ни се случила во досегашниот период додека прилепчанецот е главниот кормилар на бродот кој речиси е потонат. Зошто парламентарците веќе 4 години од "Градски" заминуваат со наведнати глави по поразите на националниот тим и зошто тие како главни претставници на народот во законодавниот дом треба да работат со години и години за да ги добијат финансиите кои селекторот Среќко Катанец за никаков успех ги добива за работа од десетина дена во еден месец?
Кој ќе собере сили да го брани Хаџи-Ристески и кој е фудбалски стручен во тоа Собрание за да каже кој е во право а кој не!? Резултатите се главниот показател за работата на некого, но, за жал, зад името на Хаџи-Ристески има многу неуспеси и "нули". Сега политичарите ќе направат "оган" за ФФМ во Собранието за работа која е кристално јасна. Човекот кој го води ФФМ е кривично осудено лице и како такво нема право да седи на функцијата во "куќата на фудбалот". Ова треба да биде појдовна точка во расправата за ФФМ, а потоа резултатите на фудбалски план и на крај скандалите кои со години ја тресат федерацијата.
Значи политичарите се тие кои ги носат законите во оваа држава и доколку истите се почитуваат гарнитурата на Хаџи-Ристески со месеци требаше да биде во казнетите установи каде има еден куп полицајци, царинарници, лекари, адвокати, доктори... кои се таму за 10, 50 или 1.000 евра, а од фудбалската каса недостигаат стотици илјади евра.
Пратениците нека се испукаат за да ги видиме што знаат за фудбалот. Сега и политиката е поделена околу фудбалскиот проблем кој треба да добие разрешница во текот на неделава, а можеби и уште денеска. Хаџи-Ристески нека се врати за претседател и со тоа ќе добиеме суспензија од неколку децении за разлика од суспензијата која ни се закануваше од ФИФА и УЕФА а која требаше да трае неколку дена. И сето ова е можно само во оваа наша Македонија каде законот не се почитува, секој работата и проблемите ги тера во насока на политичка вмешаност, а одговорноста ја нема и ќе ја нема. Битно е некој да си ги задоволи личните, а можеби и политичките интереси... | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пон Јун 18, 2007 4:37 pm | |
| ПОЗНАТИОТ ТРЕНЕР ЗОРАН СМИЛЕВСКИ ОБВИНУВА:
Хари ме тргна од Победа бидејќи бев за СДСМ
Зоран Смилевски, еден од најискусните и најтрофејни тренери од земјава, е зачуден од сите случувања во последниве неколку дена:
"Ова е невиден хаос кој се случува во фудбалот. Досега бев збунет, но сега сум вчудовиден. Чув дека СДСМ бара расправа во Собранието за да го штити Хаџи-Ристески, човекот кој пред неколку години беше главниот кој ме смени од клупата на Победа затоа што на дуелот со Кичево реков само да дојде 15 септември и да дојде до смена на ВМРО ДПМНЕ. Кој кого штити во оваа држава? Па ова го има само тука и никаде на друго место. Што ќе ни е ваков фудбал!? Подобро суспензија и да се знае зошто никаде н$ нема на фудбалската карта отколку да се расправаме за фудбал кој служи за нечии лични интереси", коментира Смилевски.
Денеска можна одлука од УЕФА
Комитетот за итност на УЕФА денеска, најверојатно, ќе одржи состанок во Нион каде меѓу останатите точки од дневниот ред ќе се разгледува извештајот за Македонија. Своја анализа на настаните во мак-фудбалот ќе даде Грегориј Суркис, кој е одреден од УЕФА како преговарач со владата во Македонија за настаните во ФФМ. Суркис беше во земјава каде во писмена форма го донесе ставот на водечките фудбалски институции кои побараа враќање на Хаџи-Ристески на функцијата претседател. Крајниот рок беше 15 јуни, но до тој термин не се исполни ултиматумот, а ФИФА и УЕФА се заканија со воведување санкции доколку Хари не се врати во "куќата на фудбалот". Во меѓувреме Суркис телефонски го барал повторно Премиерот за да се информира до каде е работата, дали на Украинецот му се брза да го заштити измамникот или многу се загрижи за македонскиот фудбал | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пон Јун 18, 2007 4:38 pm | |
| Што добива СДСМ од Харалампие!?
Чудно е тоа што некој сака да застане на страната на Харалампие. Тоа во последниве неколку дена го прават луѓео од СДСМ. Најголемата партија од опозицијата тргнува во заштита на човек кој ама баш ништо нема направено за фудбалот во Македонија. Денеска ќе се расправа во парламентот, а пред некој ден во "Пирамида" потпретседателот на партијата Игор Ивановски ја обвини власта дека го уништува фудбалот.
Власта и опозицијата најдобро е да се тргнат од фудбалот. Не се стручни да го коментираат затоа што и двете партии ништо не направиле за овој спорт со години и години. Во случајот за да се фати страна треба добро да се размисли или нешто добро да се добие, трето нема.
Само за потсетување дека Харалампие беше претседател на ФФМ и во времето на СДСМ, минатата година во мај на Собрание тогашниот претставник на Агенцијата за млади и спорт Томче Андоновски сакаше да укаже за неправилното работење во ФФМ, а беше брутално избркан од говорницата на Собранието на ФФМ кое се одржуваше во хотелот "Александар Палас". И сега кој го штити прилепчанецот. СДСМ или некакво бизнис лоби во земјава!?
Регистарот го враќа Хаџи-Ристески???
Денеска ќе заседава првостепената комисија во Централниот регистер на Република Македонија, а по жалбата на Харалампие Хаџи-Ристески. Како што е познато Регистерот пред две недели го прифати материјалот на Емил Божиновски кој беше верификуван како претседател на ФФМ. Веднаш следеше жалба од "оштетената" страна па така второстепената комисија целиот материјал го врати назад и затоа денеска се очекува нова одлука од Регистерот. Ако оваа институција ја смени регистрацијата тогаш Хаџи-Ристески се враќа на функцијата а со тоа би требало да се спречат и санкциите по македонскиот фудбал | |
|  | | Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25 Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 19, 2007 1:26 am | |
| ХАРИ ХАЏИРИСТЕСКИ, СО СВОЈОТ ИНАЕТ, ЈА ДОВЕДЕ ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ДО РАБОТ НА БЕЗДНАТА
Хари Хаџиристески, со својот инает, ја доведе фудбалската федерација до работ на бездната
На денешната средба на две третини од општинските фудбалски сојузи од Македонија претседателот на Фудбалската федерација и претставниците се договорија да ја испочитуваат одлуката на светската и европска фудбалска федерација, и да се повлечат оставајќи му на експретседателот на ФФМ Хари Хаџиристески да се врати во фотелјата и тој, од своја страна, да ја испочитува препораката на УЕФА и ФИФА - итно свикување на Изборно собрание. Хаџиристески се враќа откако за него е откриена документација со сомневања за милионски проневери, даночни и царински затајувања. Полицијата, царината и Управата за приходи се во акција на контрола на документацијата. Денес: Каде се парите за реновирање на стадионите?!
Изминативе неколку дена ВЕЧЕР ексклузивно објави серија документи од Фудбалската федерација на Македонија кои се предмет на јавно сомневање во даночни, финансиски и царински малверзации од страна на ФФМ и лицето кое било договорно за работата на ФФМ, тогашниот претседател на Федерацијата Хари Хаџиристески од Прилеп.
Сите тие, но и други сомнителни и штетни финансиски дејствија на Хаџиристески беа причина тој да биде сменет од челната позиција на Федерацијата, и мнозинството делегати да го избере Емил Божиновски за претседател.
Но, во меѓупросторот на примопредавање на должноста и документацијата, сменетиот Хари Хаџиристески се јавува во светската и европска фудбалска асоцијација, ФИФА и УЕФА, кај луѓе со кои по службена должност минативе години изградил контакти, и дава своја верзија на настаните. Во ФИФА и УЕФА немаат време да направат споредбена анализа на фактите, ниту, пак, имаат контакти со луѓето избрани во новото раководство. Во тој момент доставуваат допис до македонската фудбалска федерација со две главни точки: Прво, се смета дека собранието кое го избрало Емил Божиновски не било во ред и бараат да се врати претходната состојба, и во втората точка стои: по враќањето во претходна состојба Хари Хаџиристески итно да свика Собрание на кое ќе се донесе дефинитивно решение.
Останува сега, откако Емил Божиновски и 18 од вкупно 26 општински фудбалски комитети, кои стојат зад неговиот избор, решија да не се инаетат со ФИФА и УЕФА и да ја прифатат сугестијата оттаму - во рок од 48 часа Хари Хаџиристески да свика Собрание со кое се затвора оваа тема.
Ако Хаџиристески, согласно точка 2 од упатството на УЕФА и ФИФА не свика Собрание, овие 18 од 26 општински фудбалски комитет му откажуваат понатамошна соработка. Сосема е извесно дека во согласност со сегашниот распоред на силите, Хаџиристески ќе загуби на тоа Собрание, и пак ќе биде сменет бидејќи докумнетите за неговата работа се објавија во меѓувреме, со што се покажа дека аферата околу него била многу поголема отколку што се мислело. Тој е сега под надзор на полиција, Царина, Управа за приходи... и таа постапка нема да запре до судска завршница. Затоа, секој знае дека во такви околности Хаџиристески не е пожелно друштво за понатамошна соработка, по што и оние кои беа со него ќе се повлечат - дел затоа што не знаеле претходно што правел се Хаџиристески со парите, а дел ќе гледаат да се спасат себе.
Во медиумите се објави само дел од документите кои упатуваат на финансиски криминал од страна на Хари Хаџиристески. Денес изнесуваме нови бројки. Два милиона швајцарски франци дадени од европската фудбалска федерација УЕФА за реновирање на стадиони во Македонија. На 28.03.2006 за стадионот на Башкими се дадени 400.000 швајцарски франци. Потоа, прилепчанецот Хари Хаџиристески за северната трибина на стадионот "Гоце Делчев" на Победа, во неговиот Прилеп, од УЕФА зел ни помалку ни повеќе туку 950.000 швајцарски франци! За реновирање на стадионот во Тетово, пак, се земени 200.000 евра... за стадионот во Чаир, Скопје на 19.12.2006 од УЕФА се земени 450.000 евра... само дотука, за овие 4 стадиони, од УЕФА земени се дури 2.000.000 (два милиони!) Швајцарски франци!
Во ниту еден од овие случаи, особено не во Прилеп, нема изградба за наведената сума, и не постои верифицирана градежна книга од која може да с евиди и докаже дека на наведените локации се градело за наведените износи.
Полицијата, со прост увид во состојбата, и распит на лицатак, кои, наводно, учествувале во градбата, лесно ќе дојде до фалискфикување на службена докумнетација. А и до многу други нешта.
(Р.В.) | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 19, 2007 5:06 pm | |
| Емил спречи казни од ФИФА и УЕФА
ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ ВЧЕРА ПОВТОРНО ГО ЗАПИША ХАЏИ-РИСТЕСКИ НА МЕСТОТО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ
* Доколку Хаџи-Ристески во рок од 48 часа не утврди датум за одржување на Вонредно изборно собрание тогаш неизбежен е комплетниот бојкот на работата на ФФМ од страна на 18 од 26 Општински фудбалски сојузи кои силно го подржуваат Емил Божиновски и новиот УО на ФФМ
Со одлука на Централниот регистар на Република Македонија вчера повторно е извршена промена на носителот на претседателската функција во Фудбалската федерација на Македонија. Поранешниот претседател Харалампие Хаџи-Ристески во повторена постапка е запишан на чело на ФФМ на местото на Емил Божиновски, со што исполнети се барањата на ФИФА и УЕФА како предуслов за спречување на "замрзнувањето" на нашето членство во овие две институции и преоден чекор кон ново Изборно собрание на ФФМ кое ќе треба да ги реши проблемите во мак-фудбалот и вистински да ја обедини нашата фудбалска игра.
Во контекст на новонастаната ситуација актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Емил Божиновски вчера во просториите на ФФМ одржа состанок на Управниот одбор на кој пред с$ во интерес на македонскиот фудбал и неговата искрена заштита од евентуални санкции одлучено е да се почитуваат одлуките на Централниот регистер на РМ и останатите државни институции, притоа уште еднаш нагласувајќи дека мора во најскоро време да се одржи Вонредно изборно собрание кое го очекуваат 18 од вкупно 26 Општински фудбалски сојузи во земјава | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 19, 2007 5:06 pm | |
| "УО на ФФМ ќе ги почитува сите одлуки на надлежните државни институции, до донесувањето на конечната одлука на Централниот регистер на РМ, при што ќе ги преземе сите правни мерки за да ги обжали истите", се вели во вчерашното соопштение од ФФМ потпишано од претседателот Емил Божиновски.
Централниот регистар на РМ одлуката за промената на името на претседателот на ФФМ ја донесе согласно решението на Комисијата за жалби, а по жалбеното барање од страна на Хаџи-Ристески. По оваа одлука вчера воопшто не дојде до најавените евентуални санкции за нашиот фудбал од страна на ФИФА и УЕФА.
Хаџи-Ристески, и покрај сите измами и криминални дејствувања за време на неговиот досегашен мандат во ФФМ, од вчера повторно и институционално е на чело на нашиот фудбал. Меѓутоа целокупната домашна фудбалска јавност од него сигурно не очекува да ги реши проблемите во мак-фудбалот затоа што тоа ниту сакаше ниту знаеше да го направи во изминативе шест години, но сега вистински очекува закажување во најскоро време на Вонредно изборно собрание затоа што факт е дека на ваков начин поделениот македонски фудбал не може никако да опстане. Тоа меѓудругото беше и еден од заклучоците од вчерашниот состанок на Управниот одбор на ФФМ со кој претседаваше Емил Божиновски.
"Заради надминување на проблемите во македонскиот фудбал уште еднаш апелираме до поранешниот претседател на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески да утврди датум за одржување на Вонредно изборно собрание на ФФМ во рок од 48 часа! Во спротивно ја информираме целокупната македонска јавност дека ќе дојде до комплетен бојкот на ФФМ од страна на 18 од 26 Општински фудбалски сојузи, како и од страна на две третини од фудбалските клубови во Македонија", е заклучокот по вчерашниот состанок на УО на ФФМ.
Јасно е, и покрај тоа што Хаџи-Ристески повторно формално-правно е претседател на ФФМ, дека ја нема подршката од фудбалските работници во земјава. Ја нема подршката од Општинските сојузи, од делегатите во Собранието на ФФМ, очигледно останувајќи со само неколку свои соработници што дефинитивно наложува пред стартот на новата натпреварувачка сезона итно закажување на Вонредно собрание доколку навистина сакаме реален домашен фудбал кој вистински практично ќе функцинира, а не виртуелно и на замислената хартија на Хари и неколку поединци од ФИФА и УЕФА.
На вчерашниот состанок на Управниот одбор на Емил Божиновски, меѓу другото, беше истакното и дека согласно Статутот на ФФМ и позитивните законски прописи на Република Македонија сите досегашни одлуки на УО на ФФМ се валидни и конечни | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 19, 2007 5:07 pm | |
| Државните органи против криминалните дејствувања
Без разлика дали Харалампие Хаџи-Ристески формално-правно е или не е на претседателската функција на ФФМ целокупната македонска јавност безусловно очекува државните органи да се појават со конечна реакција за сите јавно обелоденети криминални дејствувања во изминативе години на Хаџи-Ристески и неговото раководство. Нашето членство во ФИФА и УЕФА е една македонски интерес, меѓутоа финансиските проневери на Хаџи-Ристески се интерес на секој даночен обврзник во земјава кои мора да имаат разрешница.
Тоа меѓу другото се истакнува и во соопштението по вчерашниот состанок на УО на ФФМ со кој раководеше Емил Божиновски.
"Ги повикуваме сите надлежни институции кои го гонат криминалот во Република Македонија под итно да ги преземат сите мерки за расчистување на криминалните дејствија кои се правени во ФФМ во претходниот период", се вели во соопштението од ФФМ.
Хари испитуван од финансиски инспектори Хаџи-Ристески може да се врати на претседателската функција во ФФМ, меѓутоа дефинитивно тоа не може и не смее да значи негова амнестија за сите досегашни скандали со финансиските проневери околу работата во Фудбалската федерација на Македонија.
И во текот на вчерашниот ден Хаџи-Ристески бил испрашуван од финансиски инспектори околу обелоденетата документација за милионските проневери и даночните и царински затајувања.
Активно деновиве МВР, Управата за јавни приходи, Царината на РМ се заниваат со проверката на целокупната документација најавувајќи во најскоро време разрешување на сите случаи поврзани со Хаџи-Ристески а за кои постојат објективни сомневања | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 19, 2007 5:08 pm | |
| ПОВТОРНА ИНИЦИЈАТИВА НА 18 ОПШТИНСКИ СОЈУЗИ
Можен бојкот на 2/3 од фудбалските клубови
Две третини од македонските фудбалски клубови подолг период отворено истакнуваат подршка за промени во Фудбалската федерација на Македонија. Силна е подршката која Емил Божиновски и новото раководство на ФФМ ја имаат меѓу домашните фудбалски работници поради што безусловно и на Хаџи-Ристески му е повеќе од јасно дека не може да биде само замислен претседател на ФФМ без притоа реално никаква моќ во одлучувањето околу домашните фудбалски работи.
Се поинтензивно и ФИФА и УЕФА се запознаени дека 18 од 26 Општински фудбалски сојузи колку што функционираат во земјава бараат одржување на Вонредно изборно собрание на ФФМ како не би дошло до нивен натамошен бојкот на работата на ФФМ.
Токму поради тоа наредниов период повторно се очекува и ФИФА и УЕФА отворено да притиснат за свикување на Вонредно собрание на кое ќе се надминат сите проблеми.
Една од варијантите е и доколку Хаџи-Ристески и натаму не се согласува на свикување на Собрание, во корелација со ФИФА и УЕФА 18 Општински сојузи повторно да достават барање за свикување на Вонредно изборно собрание на ФФМ кое ќе биде под надзор на светската и европската "куќа на фудбалот". Како што е познато, според Статутот на ФФМ потребна е иницијатива од само 8 Општински фудбалски сојузи за свикување на Собрание на ФФМ.
Испратени информации до ФИФА Веднаш по вчерашниот влез во просториите на ФФМ, Хаџи-Ристески најави испраќање комплетна информација до ФИФА непосредно пред состанокот на Комитететот за итност во Нион за промената во Централниот регистар на РМ околу претседателската функција.
Доцна синоќа беше одржан и состанокот на Комитетот за итност во Нион на кој се очекуваше да биде запрена "акцијата" за евентуалните казни. Наредниве деновиве по добивањето на вистинските информации за случувањата во Македонија, а тоа е нелегитимноста во изборот на Хаџи-Ристески за претседател на ФФМ како и неговите финансиски криминални дејствувања, се очекува одговор од ФИФА и УЕФА кој треба да даде насоки за реално надминување на проблемите во мак-фудбалот | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 19, 2007 7:11 pm | |
| | |
|  | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin

Број на мислења : 211 Age : 34 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Вто Јун 19, 2007 7:13 pm | |
| FUCK HARI DA GO PUSIS HARI PICKO  | |
|  | | Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25 Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пон Jул 16, 2007 1:00 am | |
| Едукативниот центар ќе лиценцира за годишни лиценци Во организација на Тренерската Организација и Центарот за Едукација при ФФМ, на ден 26.07 (четврток) 2007 година во Хотел КОНТИНЕНТАЛ со почеток во 09.45 часот ке се одржи редовно годишно лиценцирање на тренерите во сениорските екипи во Прва и Втора МФЛ. Предвидени се презентации од трендови во модерниот фудбал и системи на игра од предавачи во Центарот за Едукација. Лиценцирањето ке заврши околу 14.00 часот и присуството за сите тренери е задолжително! Одбор на Тренери Претседател Вујадин Станојковиќ Центар за Едукација Директор Небојша Марковски | |
|  | | Hristijan-KOMITI

Број на мислења : 25 Registration date : 2007-06-10
 | Предмет: Re: FFM Vesti Пон Jул 16, 2007 1:01 am | |
| | |
|  | | Sponsored content
 | Предмет: Re: FFM Vesti  | |
| |
|  | | | FFM Vesti | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|