*Во текот на денешниот ден Бобан Јанчевски - Јанкер со раководството на Работнички К ќе ги води завршните преговори, во случај да се договорат стратегот Беквалац ќе го има најдобриот напаѓачки тандем во лигата, Илијоски - Јанчевски
Рибарот се враќа кај "романтичарите"
По пауза од две години Димитрија Лазаревски - Рибар се враќа во таборот на Работнички К. Раководството на вицешампионот деновиве преговара со одличниот лев страничен дефанзивец и постојат реални шанси тој да потпише договор со овој клуб. Да потсетиме дека Лазаревски си замина од Работнички К во јуни 2005 откако ја освои титулата со "романтичарите". Потоа промени неколку екипи, играше во Цементарница 55, Земун (Србија) и Камен Инград (Хрватска). Со него Беквалац ќе добие во цврстина и брзина на таа лева страна.
Демири ќе се чека до 20-22 јуни
Луѓето задолжени за доведување нови играчи моментално преговараат со неколку фудбалери од нашата Прва лига. Се споменуваат дури осум квалитетни прволигашки имиња. Со Ертан Демири, како што н$ информираа од канцеларијата на Работнички К, с$ е договорено. Проблем е само понудата за Демири од еден странски клуб. Затоа Работнички К ќе го чека "вардарецот" и екс фудбалер на Слога Ј до 20-22 јуни.
Од Србија стопер и лев дефанзивец
Летните подготовки стартуваат в недела, на 17 јуни. Дотогаш тренерот Беквалац од Србија има намера како приоритет да "пазари" искусен стопер и лев страничен дефанзивец. Со нив конкуренцијата во одбраната би се зголемила, моментално стручниот штаб од дефанзивците ги има на располагање само Мирослав Вајс, Никола Карчев и нигериецот Аделунде Дабатунде Лукман