* "Не може и не смее да биде полошо од минатата сезона, која ја минавме со многу проблеми. Сега и во Купот на УЕФА очекуваме поуспешен настап", вели фудбалерот од средниот ред на Вардар
Еден од најстандардните во вардаровите редови изминатава сезона, фудбалерот од средниот ред Димче Ристевски оптимистички расположен околу она што го очекува нашиот најтрофеен клуб во следната натпреварувачка сезона.
"Црвено-црните" летниот одмор го користат и за реконструкција на тимот, меѓутоа Ристевски без разлика на извесните промени во играчкиот кадар смета дека Вардар по подолг период веќе мора да размислува на атак на шампионската титула.
"Во секој случај не може да биде полошо од сезонава која е зад нас. Премногу проблеми н$ следеа уште од есенскиот дел. Со многу штрајкови, незадоволства за на крајот сепак да стигнеме до трофејот во Купот на Македонија, што може да се издвои како исклучителен успех", вели Ристевски.
Според битолчанецот, во редовите на Вардар дефинитивно сега ќе мора да се размислува и на вистинско претставување и во европски рамки.
"Не сакаме воопшто ни да се потсетиме на нашето минатогодишно учество во Купот на УЕФА. Сега и во овој европски куп очекуваме поуспешен настап без разлика на противникот во првото квалификациско коло", истакнува Ристевски, кој е еден од фудбалерите кои и натаму сигурно остануваат во Вардар со оглед на тоа дека има уште една година од договорот со тимот од "Градски