24MKSport Forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

24MKSport Forum


 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Prolongirana Prvata Prozivka

Go down 
АвторПорака
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4
Admin
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4


Број на мислења : 211
Age : 35
Localisation : Austria ( Wien )
Registration date : 2007-06-10

Prolongirana Prvata Prozivka Empty
ПишувањеПредмет: Prolongirana Prvata Prozivka   Prolongirana Prvata Prozivka Icon_minitimeСре Јун 13, 2007 5:23 pm

* "За да бидеме комплетни на првиот собир, се договоривме за 2-3 дена да ја одложиме прозивката", рече Канатларовски.


Место в сабота, првата прозивка за подготовките на новата сезона на нашиот најтрофеен клуб Вардар ќе се случи 2-3 дена подоцна. Шефот на стручниот штаб, Драган Канатларовски, мораше да се реши на ваков чекор поради тоа што повеќемина фудбалери го најавиле своето задоцнување на првиот собир.

"За да не бидеме само половина екипа на првиот тренинг, се решивме да ја пролонгираме прозивката", истакна Канатларовски, кој дополнува:

"Повеќето фудбалери најавија дека ќе задоцнат, па токму од тука за да ја имаме целата екипа на располагање ќе се собереме подоцна. Најверојатно тоа ќе биде во вторник. Бразилците најавија дека ќе пристигнат на 19 јуни, а на истиот ден се најавија уште четворица фудбалери. Три дена подоцна нема да претставуваат проблем", изјави популарниот Цапар.

Веќе се знае и каде ќе се одвиваат подготовките на екипата за претстојната сезона во која нашиот најтрофеен клуб ќе атакува на двете титули.

"Првиот дел од подготовките ќе го поминеме во Скопје, а потоа заминуваме во Охрид. Како можна алтернатива тука ни е Маврово. Многу е важно добро да се подготвиме, а ќе мора да закажеме и пријателски натпревари со квалитетни противници со цел што поподготвени да ги дочекаме прво натпреварите во Купот на УЕФА а потоа и во првенството", заврши Канатларовски.

Фудбалерите на актуелниот освојувач на Купот се на заслужен одмор, а раководството веќе работи на новите засилувања во екипата. Ќе мора да се бара замена за Кировски, кој веќе е пред трансфер во рускиот тим Амкар. Се преговара и со неколку фудбалери кои првите луѓе сакаат да ги задржат во своите редови и за наредната година. Ертан Демири, Јорде Георгиевски, Владимир Секуловски се само дел од фудбалерите кои Вардар со сите сили се обидува да ги сочува во своите редови за настапите во Купот на УЕФА, како и за следната сезона
Вратете се на почетокот Go down
http://www.MK24Sport-Forum.tk
 
Prolongirana Prvata Prozivka
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
24MKSport Forum :: ФК Вардар Скопје 1947-
Отиди до: