И покрај тоа што порано почнаа со тренинзи со цел да се подготват за Интер-тото настапите, сепак, во таборот на Македонија ЃП многу малку се мисли за дуелот со Етникос Ахна. Сите нивни погледи се свртени кон утрешниот ден кога ФИФА и УЕФА одлучуваат дали ќе н$ суспендираат од натпреварите на меѓународна сцена, како и кон многуте "непознати" во екипата.
"Ние се собравме, почнавме да тренираме а не знаеме дали ќе играме. Никој во клубот не мисли и не зборува за Етникос. Го чекаме утрешниот ден, да ја слушнеме одлуката на ФИФА и УЕФА па дури потоа можеме да кажеме поконкретно. Јас мислам дека луѓето кои работат во македонскиот фудбал нема да дозволат суспензија", вели капитенот на ѓорчепетровци, Мирослав Милошевиќ.
Фудбалерот од средниот ред признава дека и покрај тоа што во прв поглед с$ функционира беспрекорно во клубот, с$ уште има нерасчистени работи внатре во него.
"За нас, фудбалерите, главна тема е дека треба прво да се расчистат некои работи внатре во Македонија ЃП. С$ уште не се познати многу работи кои очекуваме дека ќе се средат во брзо време за да можеме нормално да се подготвиме за настапите на европска сцена, како и за следната сезона", потенцира Милошевиќ.
Сепак, и покрај тоа што мислите му се насочени на друга страна, капитенот на "лавовите" кажа некој збор за противникот во Интер-тото купот, како и за кипарскиот фудбал воопшто.
" Штом Етникос завршил во горниот дел на табелата, значи станува збор за квалитетна екипа. Не гледам зошто не би можеле да ги поминеме и да се пласираме понатаму. Сепак, с$ уште немаме никакви информации од клубот, се надевам дека ќе ги добиеме во наредниве неколку денови. Имав можност еднаш да заминам на подготовки во Кипар. Нивниот фудбал не е којзнае што и мислам дека сме поквалитетни и дека ќе успееме да ги минеме", заврши Милошевиќ