Секуловски со странски понуди
УШТЕ ЕДЕН ВАРДАРОВ ФУДБАЛЕР РАЗМИСЛУВА ЗА ЗАМИНУВАЊЕ НАДВОР ОД НАШАВА ДРЖАВА
* "Имам неколку опции и реазмислувам за заминување, но тоа ќе го сторам дури по Купот на УЕФА каде ќе сакам да му помогнам на Вардар", потенцира левиот бек.
Уште еден од фудбалерите на Вардар размислува за заминување од "црвено-црните" во овој преоден рок. Владимир Секуловски, левиот бек на тимот од "Градски", со неколку странски понуди за да ја смени средината ова лето. Приоритет на Секуловски е странство, а ако трансфер од таков тип не се реализира, тогаш тој останува во Вардар со оглед дека со освојувачот на Купот има договор до следната полусезона.
"Најверојатно ќе заминам од Вардар. Имам неколку сериозни понуди од странство, поточно од Белгија. Меѓутоа, сакам прво да се одморам, да му помогнам на Вардар во настапите во Купот на УЕФА па дури потоа ќе размислувам. Ако не дојде до трансфер во странство, тогаш во Македонија мој и единствен клуб е Вардар. Нема шанси да заминам во ниту еден друг тим од нашава земја. Имам договор уште шест месеци со Вардар, но реков, ако има можност да заминам во странство, тоа ќе го сторам уште ова лето", рече Владимир Секуловски.
Секуловски е уште еден фудбалер од низата кои најавија преселба од Вардар и заминување надвор од границите на Македонија