| | Start so Mnogu Enigmi ! ! ! | |
| | Автор | Порака |
---|
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Start so Mnogu Enigmi ! ! ! Нед Јун 17, 2007 2:22 pm | |
| *"Романтичарите" стартуваат со подготовките, но с$ уште ништо не се знае, се чека развојот на настаните во ФФМ, токму затоа и не се потпишува со новите играчи
БЕКВАЛАЦ УТРЕ ВО 10 ЧАСОТ ПРОЗИВА, СО ТОА ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ К | |
| | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Re: Start so Mnogu Enigmi ! ! ! Нед Јун 17, 2007 2:22 pm | |
| Како што беше претходно најавено, утре, во 10 часот стратегот на Работнички К, Драгољуб Беквалац, ќе ја изврши првата прозивка. Со тоа "романтичарите" стартуваат со летните подготовки. Сепак, тие ќе почнат со многу енигми. Имено, и во таборот на екс шампионот, впрочем како и целата фудбалска јавност во земјата с$ е во знакот и исчекување каков епилог ќе добијат најновите настани во нашиот фудбал. Од страна на канцеларијата на Работнички К сме информирани дека во врска со новите играчи клубот се договорил со 6-7, но нивните имиња допрва ќе се обелоденат, односно со нив ќе се потпише само ако клубот ќе може да се натпреварува во фудбалска Европа.
Што се однесува, пак, до подготовките, тие, како што веќе напоменавме, ќе почнат утре. До 24 јуни ќе се работи по двапати на ден на помошното игралиште на Работнички К. Во оваа седмица ќе се извршат и сите потребни лекарски прегледи, ќе се екипира тимот со, веруваме, новите играчи, а потоа ќе се замине на висински подготовки на Тара (Србија). Таму ќе се одиграат неколку пријателски средби од кои веќе се закажани со Војводина и Зета. Се преговара и со други познати клубови од Србија и Ц. Гора, кои во тој момент ќе се подготвуваат на Тара.
На 9 јули експедицијата на Работнички К се враќа во Скопје, а на 12 јули планирана е генералка пред настапот во Купот на УЕФА, се разбира и генералка пред стартот на новиот шампионат.
Што се однесува, пак, до стручниот штаб, ќе нема измени. И натаму прв тренер ќе биде Драгољуб Беквалац, негови први помошници остануваат Зоран Ѓурѓевиќ и Жикица Тасевски. Додека во работата со голманите и натаму ќе биде вклучен Мане Манев. Исто така ќе нема измени и во докторскиот тим.
Ако во тој дел нема измени тогаш во играчкиот секако дека ќе има и тоа драстични. Да потсетиме дека досега клубот го напуштија дури единаесетмина, десет беа ослободени од обврските, а Горан Тодорчев се пресели во Осиек (Хрватска). Можно е трансфери да направат и Ндерим Неџипи и Иван Пејчиќ, како и еден од двајцата голмани Томе Пачовски и Филип Маџовски. Така што се очекуваат нови лица, а некои од нив би требало да се појават и утре на првиот тренинг | |
| | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Re: Start so Mnogu Enigmi ! ! ! Нед Јун 17, 2007 2:23 pm | |
| Ѓорѓи Мојсов потпишува в понеделик
Одличниот лев бек Ѓорѓи Мојсов (22) ќе биде едно од првите засилувања за Работнички К. Екс фудбалерот на Маџари С, кој минатата сезона со успех го носеше дресот на битолски Пелистер, како што дознавме, во понеделник ќе го стави потписот на договорот со "романтичарите". Исто така дознавме дека покрај Работнички К за него свој интерес пројавиле уште два наши елитни клубови.
Костовски не се шегува!
Потпретседателот на Работнички К, Коста Костовски, вчера за нашиот весник изјави дека во случај мак - фудбалот да добие санкции од ФИФА и УЕФА тој и семејството Костовски немаат намера веќе да спонзорираат и дека ќе си заминат како фирма Кометал од клубот. Дека со оваа изјава Костовски не се шегувал потврдуваат информациите од канцеларијата на Работнички К кои велат дека раководството на клубот во целост се согласува со изјавата на својот потпретседател и дека и тие не гледаат некој голем предизвик во натпреварувањето само во нашата лига без европски настапи.
Лазаревски веќе "романтичар"
Димитрија Лазаревски - Рибар по пауза од две години повторно е "романтичар". Тој се договорил со Работнички К во наредниот период да повторно да го носи црвено - белиот дрес на екс шампионот. Со него стратегот Драгољуб Беквалац добива цврстина, брзина, искуство на таа лева дефанзивна страна во тимот.
Гол првенец за Чалам за Алтона Меџик
Сашо Алексовски - Чалам, довечерашниот напаѓач на Работнички К, го постигна својот прв гол за новиот клуб. Имено, тој за австралискиот Алтона Маџик во својот втор настап го постигна и голот првенец. Да потсетиме дека Алексовски во австралискиот второлигаш замина пред нешто помалку од два | |
| | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Re: Start so Mnogu Enigmi ! ! ! Нед Јун 17, 2007 2:24 pm | |
| Демири се договори со Работнички К. za RAB a Ertan ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ВАРДАР И ДЕФИНИТИВНО СИ ЗАМИНУВА * "Се договорив со Работнички и ако нешто во меѓувреме не случи со ангажман во странство, продолжувам кај 'романтичарите'", рече Демири | |
| | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Re: Start so Mnogu Enigmi ! ! ! Нед Јун 17, 2007 2:24 pm | |
| Ертан Демири, еден од најдобрите поединци на Вардар во сега веќе изминатата сезона, не го прифати новиот договор на "црвено-црните". Работнички е следната дестинација на фудбалерот од средниот ред. Демири веќе имал средба со првите луѓе на "романтичарите", ги договориле сите услови и тој од следната сезона ќе го носи дресот на лутиот ривал. Единствена "пречка" на овој трансфер може да биде некоја добра понуда од странство, па фудбалерот на крајот да заврши надвор од нашите граници.
"Ми заврши договорот со Вардар и веќе ги земав потребните документи. Се договорив со Работнички и најверојатно таму ќе продолжам. Има и некои обиди за ангажман во странство, но тешко, барем во овој преоден рок. Затоа ако останам во Македонија, а голема е веројатноста тоа да се случи, продолжувам во Работнички", истакна Демири
На Демири договорот со "црвено-црните" му заврши во јуни оваа година. Се реши да не го продолжи и покрај тоа што Вардар му понуди договор подобар од ланскиот. Сепак (не)очекувано тој реши да се пресели во таборот на ривалот, нешто што во зимскиот преоден рок го стори Иван Тричковски.
Поради добрите игри, особено во третиот дел од шампионатот, на "адреса" на Демири пристигнаа неколку понуди од клубови од Израел, Белгија и Украина, како и од албанскиот тим Беса од Каваја | |
| | | UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Re: Start so Mnogu Enigmi ! ! ! Нед Јун 17, 2007 2:24 pm | |
| Утре на прозивка
Утре, во 10 часот Ертан Демири ќе се јави на првата прозивка на Работнички К. Стратегот на "романтичарите", Драгољуб Беквалац, ќе означи старт на подготовките за новата сезона во која неговиот тим ќе ја брка титулата во првенството, како и што подобра афирмација во Купот на УЕФА.
Вардар се собира на 20 јуни
Стартот на подготовките на "црвено-црните" и дефинитвно ќе биде на 20 јуни, во 17 часот, на помошното игралиште на Вардар. За потсетување првата прозивка требаше да биде утре, но поради доцнењето на неколку фудбалери и со цел екипата да биде комплетна, тренерот Драган Канатларовски реши да ја пролонгира прозивката за три дена подоцна | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Start so Mnogu Enigmi ! ! ! | |
| |
| | | | Start so Mnogu Enigmi ! ! ! | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|