Тргна Работнички К со летните подготовки. Вчера точно во 10 часот со првата прозивка а потоа и со првиот тренинг "романтичарите" стартуваа со подготовките а наредната сезона во која како и обично во последните неколку сезони "влегуваат" со големи амбиции. Но како ретко досега стратегот Драгољуб Беквалац имаше на првиот тренинг на располагање само 12 фудбалери. Познато е дека "ремонтот" одамна е направен, досега си заминаа единаесетмина а има и нови имиња. Сепак вчера стартуваа само Томе Пачовски, Марко Јовановски, Мирослав Вајс, Аделунде Дабатунде Лукман, Бојан Михајловиќ, Иван Пејчиќ, Баже Илијоски, Немања Милисављевиќ, Иван Тричковски, Крсте Велкоски, новакот Ертан Демири и повратникот Димитрија Лазаревски. Никола Карчев (викендов стапи во брак и имаше свадбена веселба), Филип Маџовски, Стојан Игњатов и Ндерим Неџипи од различни причини ќе задоцнат неколку дена.
По состанокот во соблекувалната и извршената прозивка фудбалерите заедно со помошниците на Беквалац, Жикица Тасевски, Зоран Ѓурѓевиќ и Мане Манев имаа 45 минутен џогинг на кејот на Вардар.
"Започнуваме онака како што и планиравме. Во Скопје ќе бидеме до 24 јуни за кога е закажано заминување на Тара (Србија), каде што ќе одиграме најмалку четири контролни натпревари Досега закажани се средбите со Војводина и Зета. Таму остануваме до 9 јули а до 19 истиот месец кога ја играме првата средба во квалификациите во Купот на УЕФА ќе работиме во Скопје. Инаку амбициите на Работнички К не се нови. Ние како клуб имаме намера и во оваа сезона да целиме кон највисоките дострели. Имаме намера што подобро да се претставиме во фудбалска Европа а на домашна сцена атакуваме на двојната круна на задоволство на нашите најверни навивачи. Познато е дека во нашата екипа се случи целосен 'ремонт'. Си заминаа единаесетмина а ќе се обидеме да доведеме адекватни засилувања. Велам засилувања а не нови имиња. Засега има двајца нови играчи, ќе има уште неколкумина, значи селекцијата не е завршена. Ќе се обидеме да создадеме поквалитетен тим од лани и со тоа да ги оствариме нашите амбиции