UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Osmani Potpisa , Jancevski ke Parafira Denes Вто Јун 19, 2007 5:10 pm | |
| *Желбата на тренерот Драгољуб Беквалац се оствари, од вчера Минас Османи и официјално е фудбалер на Работнички К
*Денеска ќе стави потпис и Бобан Јанчевски, до петок тоа би требало да го сторат Ѓорѓи Мојсов и Арѓент Беќири
КОНЕЧНО РАБОТНИЧКИ К ПОЧНА СО ДОВЕДУВАЊЕ НОВИ ИМИЊА, ВЧЕРА ПРИСТИГНА МЛАДИНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ | |
|
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Re: Osmani Potpisa , Jancevski ke Parafira Denes Вто Јун 19, 2007 5:10 pm | |
| Желбата на тренерот Драгољуб Беквалац се оствари, од вчера Минас Османи и официјално е фудбалер на Работнички К
*Денеска ќе стави потпис и Бобан Јанчевски, до петок тоа би требало да го сторат Ѓорѓи Мојсов и Арѓент Беќири
Минас Османи (22) од вчера и официјално е нов фудбалер на Работнички К. Тој потпиша двегодишен договор со вицешампионот и со тоа се оствари желбата на стратегот на "романтичарите" Драгољуб Беквалац, кој повеќепати истакна дека младиот Османи е негова желба и дека тој по секоја цена ќе настојува раководството на клубот да го доведе. Инаку, со Османи средниот ред на Работнички К ќе добие во брзина, експлозивност, мотив, она што во финишот на минатиот шампионат на "романтичарите" им недостигаше.
Османи е актуелен младински репрезентативец, дете на Вардар кој досега има настапувано покрај нашиот најтрофеен клуб и во Цементарница 55, Влазрими, Милано и до вчера Ренова.
Со ова продолжува егзодусот на играчи на Вардар во таборот на соседот. Да потсетиме дека од пред некој ден од Вардар во Работнички К се пресели и Ертан Демири, а претходно во зимскиот преоден рок и Иван Тричковски, пред него тоа го стори Ндерим Неџипи и уште многу други одлични играчи | |
|
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Re: Osmani Potpisa , Jancevski ke Parafira Denes Вто Јун 19, 2007 5:11 pm | |
| Трансферот на Минас Османи е третиот за Работнички К во овој летен преоден рок. Претходно потпишаа Ертан Демири и Димитрија Лазаревски, кои веќе тренираат со остантите играчи на Работнички К.
Денеска според нашите информации параф на договор со екс шампионот ќе стави и Бобан Јанчевски и веднаш ќе се појави на тренинг. Тој е најдобриот фудбалер и најдобар стрелец во Првата лига за минатата сезона, со него Работнички К ќе го има убедливо најдобриот напад во нашата фудбалска елита.
Во текот на следните неколку дена се очекува во таборот на Работнички К да пристигнат и искусниот левокрилен напаѓач Арѓент Беќири (Ренова) и младиот лев дефанзивец Ѓорѓи Мојсов (Пелистер). Со нив с$ уште се водат завршните преговори и се очекува и со двајцата одлични фудбалери да се пронајде заеднички јазик.
Инаку, во моментов се водат преговори и со петмина квалитетни играчи од Србија. Се очекува барем со тројца од нив да се потпише договор па така бројката на странски играчи да стигне до максимум седум фудбалери.
Значи се очекуваат бурни денови во текот на оваа недела | |
|
UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Re: Osmani Potpisa , Jancevski ke Parafira Denes Вто Јун 19, 2007 5:11 pm | |
| Тренинзите од 10 и 19 часот
Од завчера "романтичарите" стартуваа со подготовките. Стручниот штаб на чело со Драгољуб Беквалац заедно со неговите соработници Тасевски, Ѓурѓевиќ и Манев инсистира на работа по двапати на ден. Утринскиот тренинг почнува во 10 часот, а вечерниот во 19 часот. Така ќе биде с$ до 24 јуни кога експедицијата на Работнички К ќе отпатува на висински подготовки на Тара (Србија). Таму останува до 9 јули за кога е закажано враќањето во Скопје каде ќе се работи се од 19 јули за кога е закажан првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Купот на УЕФА.
Денеска сите на тренинг Од денеска сите играчи кои се под договор со Работнички К ќе бидат на тренинг. Вчера од оние кои не беа на прозивката в недела во 10 часот стартуваа Никола Карчев, Филип Маџовски и Стојан Игњатов, а од денеска со работа ќе почне и Ндерим Неџипи. Како што очекува Беквалац сите играчи на кои ќе може да смета за наредната сезона, тука пред с$ се мисли на оние фудбалери кои допрва ќе пристигнат во клубот, би требало до 24 јуни да се појават во клупските простории.
Младоженецот Карчев без одмор Никола Карчев иако викендов имаше свадбена веселба не доби ниту еден ден одмор. Тој заедно со кумот Филип Маџовски од вчера почнаа со работа.
"Ќе има време за одмор, за свадбено патување. Сега најважно е што подобро да се подготвам и да се наметнам кај тренерот Драгољуб Беквалац. Инаку, самата веселба се одржа во одлична атмосфера. Највесел беше секако кумот Филип Маџовски. Јас и мојата сега сопруга Адријана Карчев набргу очекуваме и принова. Очекувам син и најверојатно ќе биде фудбалер", ни изјави новопечениот младоженец | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Osmani Potpisa , Jancevski ke Parafira Denes | |
| |
|