UltrasBOYS-KOMITI_Vienna4 Admin
Број на мислења : 211 Age : 35 Localisation : Austria ( Wien ) Registration date : 2007-06-10
| Предмет: Pelister so Mnogu Tajni Вто Јун 19, 2007 5:18 pm | |
| Преодниот рок почна, подготовките полека, но сигурно се приближуваат, сепак, битолскиот прволигаш с$ уште мирува. По заминувањето на Маријан Секуловски, екс кормиларот на битолчани, нема најави за неговата замена. Според информациите, за ден-два "пелистерци" би требало да одржат состанок на кој би требало да биде познат новиот тренер на Пелистер, но ќе се разговара и за амбициите и плановите во новата сезона. Фудбалерите се на одмор веќе една недела, но не знаат кога е првата прозивка. Поранешниот тренер Секуловски почетокот го закажа на 20 јуни, но тој сега не е во Битола и, најверојатно, тој датум ќе биде пролонгиран барем за уште пет-шест дена. Причините се едноставни, нема тренер, нема почеток на подготовките. Од она што можеме да го дознаеме е тоа дека упрвата работи на решавање на проблемот, кога е во прашање тренерското место, но, сепак, времето полека истекува. Ќе мора побрзо да се делува за навремено да се почнат подготовките за новата сезона. Освен тоа што Пелистер е без тренер, не се знае ни кои фудбалери остануваат, ниту, пак, евентуалните нови засилувања БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ СС УШТЕ МИРУВА | |
|