ПОДГОТВИТЕЛЕН ПЕРИОД
ВАРДАР - Тирана (Алб) 0:1
ВАРДАР - Беса (Алб) 0:0
ВАРДАР - Охрид 3:0
ВАРДАР - Тирана (Алб) 2:4
ВАРДАР - Силекс 0:1
Посериозна повреда на Костовски
Двајцата вардарови напаѓачи Христијан Кировски и Јован Костовски заработија повреди на последниот контролен натпревар со Силекс. Според вчерашните информации, нешто посериозна е повредата на Костовски, кој има повреда на зглобот и деновиве ќе биде познато дали ќе паузира, додека Кировски сигурно ќе биде подготвен за дуелот во Купот на УЕФА.
"Денеска треба да направам уште една снимка, меѓутоа мислам дека ќе бидам подготвен за четврток", вели Кировски.
И Кипраните со само една "тест" победа
Контролниот натпревар со кипарскиот вицешампион Омонија, кој заврши без победник (1:1), беше петтата и последна "тест" средба на Анортозис пред натпреварот со Вардар. Но, како и нашиот најтрофеен клуб, Анортозис не може да се пофали со добри резултати за време на подготовките. Имаат една победа, два нерешени резултати и два порази, меѓутоа нивниот тренер Грузиецот Тимур Кецбаја, како што вели самиот, воопшто не го загрижуваат резултатите.
Кипраните двонеделните подготовки ги реализираа во Холандија, каде одиграа четири пријателски натпревари. Ремизираа со белгискиот прволигаш Ст. Труден (2:2), го совладаа романскиот прволигаш Чеалул (2:0), а загубија од белгискиот Монс (1:2) и израелскиот Беитар Ерусалим (0:1).